Четиринаесет учесници, составени од членови на персоналот на подрачните одделенија на Министерството за правда, овластени здруженија на граѓани и адвокати, имаа можност да се запознаат со промените во системот на бесплатна правна помош и да бидат воведени во новиот Закон за бесплатна правна помош на каскадната обука што се одржа во Гевгелија на 18-19 април.
Со новиот закон се проширува опсегот на бесплатната правна помош со што се дава можност на повеќе граѓани да аплицираат и да се квалификуваат за бесплатна правна помош, се пропишуваат јасни улоги за заинтересираните страни во процесот и треба да доведат до поефикасна обработка на барањата за бесплатна правна помош.
Сесиите беа одржани од национални обучувачи, членови на персоналот на Министерството за правда, обучени во рамките на сесија за обука на обучувачи, организирана од Советот на Европа во декември 2018 година. Предавачите користеа материјали за обука развиени од консултантите на Советот на Европа во рамките на проектот. Материјалите за обука се родово сензитивни и ги земаат предвид правата и потребите на ранливите групи. Со поддршка на еден меѓународен и еден национален ментор, обучувачите успешно ја извршија обуката која беше интерактивна и олеснета за меѓусебна размена.
Сесиите беа организирани во рамки на проектот "Поддршка на реформите за правна помош", која е дел од програмата "Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција", кофинансиран од Европската унија и Советот на Европа и имплементиран од Советот на Европа.
