За Проектот

ROMACTED, „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ е заедничка Програма на Европската Унија (DG NEAR) и Советот на Европа.

Програмата ќе биде имплементирана од тимот на Советот на Европа за Роми и Патувачи (Номади) и Канцеларијата на Генералниот Директорат на Програмите во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Србија, Македонија и Турција.

Целите на Програмата се:

  • Да изгради политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти за подобрување на демократското локално управување (владеење) и да изгради капацитет и стимулира јакнење на локалните ромски заедници за да придонесат во дизајнирањето, спроведувањето и мониторингот на планови и проекти кои се однесуваат на нив;
  • јакнење на ромската заедница - на индивидуално ниво (им асистира на луѓето да ги практикуваат своите основни права и прошират своите капацитети и вештини), како и на ниво на заедницата (им асистира на луѓето да се организираат за да ги искажат своите интереси околу решавање на проблемите во заедницата);
  • подобрување и проширување на посветеноста, капацитети, знаења и вештините на институциите во работењето за ромска инклузија (вклучување на Ромите), како и воведување во пракса на концептот за добро управување (владеење).

Специфичноста на делувањето ќе биде да им се помогне на локалните власти да интегрираат конкретни димензии/мерки, фокусирани на Ромите, во тековните севкупни (мејнстрим) локални политики, буџети и испорака на јавни услуги во нивната агенда, при зголемување на учеството на ромските граѓани во дизајнирањето, спроведувањето и мониторингот на тие политики и проекти. 

Олекувани резултати

Клучните претпоставки за оваа поддршка се базираат на теоријата на промени и се како што следува:

  • Поддршка на локалните власти за обезбедување на отвореност, транспарентност и еднаквост во справувањето со локалните планови и буџети ќе доведат до инклузивни локални планови и ресурси;
  • Подобреното градење на капацитети преку обука и тренирање има позитивно влијание врз јавната администрација за обезбедување квалитетни услуги за сите граѓани (вклучително и ромски граѓани);
  • Општинските регулативи и практики влијаат врз учеството и еманципацијата на Ромите: информациите се достапни, постои признавање на Групата за акција на Заедницата, учеството е ефективно;
  • Интервенциите на акција на заедницата на Заедницата ќе имаат позитивно влијание врз презентирањето на изборите кои ќе се трансформираат во активности кои ќе ја зголемат способноста на обичните ромски граѓани да ги проценат нивните потреби, да придонесат за развој на локални јавни проекти, да го надгледуваат нивното спроведување и да го следат локален јавен буџет;

Активности

  • ROMACTED резултира од искуството на програмите на ROMED и ROMACT и ќе стреми кон прилагодување на овие методи и активностите на секој партнер и избрана локација, со цел да се вклопи во политичкиот циклус, динамиката и реалноста на секоја општина и последователно дава дополнителен придонес на постоечките политики и практика за ефективно и посеопфатно функционирање.
  • Една од водечките упатства во методологијата на програмата е дека учеството во локалната власт може да биде ефективно само ако е соодветно на локален контекст. Во таа насока, во секоја општина е направено прелиминарно мапирање, проценка, основно проучување и истражување со цел да се олесни адаптацијата на програмата, нејзината поддршка и следењето на процесот.
  • Покрај тимот од Стразбург, програмата има проектни раководители во канцелариите на Советот на Европа во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Македонија и национален тим за поддршка од ромското граѓанско општество во секоја партнер држава.

Оваа веб-страница е изработена со средства од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија.

ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ПРОЕКТОТ
  • Времетраење: 36 месеци (мај 2016 – април 2019)
  • Корисници/Партнери: Албанија, Босна и Херцеговина, “Поранешна Југословенска Република Македонија“, Косово*, Црна Гора, Србија и Турција
  • Финансиран од: Европската унија и Советот на Европа
  • Буџет: 3 750 000 евра

* Оваа ознака не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН и Мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Web Content Display Web Content Display