Back Студент(к)и по право од правните клиники во Тетово ги зајакнуваат своите вештини за обезбедување бесплатна правна помош

Студент(к)и по право од правните клиники во Тетово ги зајакнуваат своите вештини за обезбедување бесплатна правна помош

Примарната правна помош обезбедена од овластени правни клиники е од клучно значење за гарантирање на пристапот до правда за сите, во согласност со европските стандарди. Во континуираните напори за зајакнување на нивните капацитети за обезбедување бесплатна правна помош, особено за најранливите заедници, 33 студент(к)и по право ја завршија четвртата каскадна обука на тема „Обезбедување на бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“.Сесиите беа организирани со поддршка на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ којшто е дел од заедничката програма на Европската Унија и на Совет на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ во соработка со Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Oбуката имаше за цел да ги унапреди практичните вештини на студент(к)ите, обезбедувајќи им суштински знаења и алатки за ефикасно обезбедување бесплатна правна помош.

Професорките Арта Меро и Њомза Селими Османи, раководителки на правните клиники во Тетово, ја нагласија важноста на подготовката на идните правни професионалци за активно учество во системот на бесплатна правна помош во Северна Македонија. Тие истакнаа дека правните клиники им овозможуваат на студентите практично искуство, овозможувајќи им да го применат своето академско знаење додека им помагаат на лица кои се соочуваат со реални правни предизвици - заемно корисна размена што го зајакнува и учењето и обезбедувањето правда.

Посебна сесија беше посветена на правната помош за жртвите на родово-базирано и семејно насилство, нагласувајќи ја важноста од обезбедување поддршка за најранливите во oпштеството. Во соработка со акцијата на Европската унија и Советот на Европа „Зајакнување на борбата против трговијата со луѓе во Северна Македонија“, сесијата за правна помош за жртви на кривични дела и трговија со луѓе поттикна интересни дискусии меѓу учесниците. Бојана Божиновска Силјановска, консултант на Советот на Европа, ја претстави Конвенцијата за борба против трговијата со луѓе и нејзиниот механизам за следење – ГРЕТА (Група експерти за борба против трговијата со луѓе).

Во текот на обуката, студент(к)ите учествуваа во практични вежби и студии на случај, со што се придонесе кон надминување на јазот меѓу теоријата и практиката. Тие обработуваа клучни теми поврзани со правната помош, вклучувајќи ја разликата меѓу примарна и секундарна правна помош, како и обезбедувањето поддршка во случаи на семејно и родово-базирано насилство и случаи поврзани со деца.

Обуката се одржа во два дела: првиот на 23 март во просториите на Правната клиника при Државниот универзитет во Тетово, а вториот на 29 април на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Тетово, Северна Македонија 29 април 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

Проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија” се имплементира во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција“ со времетраење од јануари 2023 до декември 2026 година. Проектот придонесува за:

  • оддржливо градење на капацитетите за клучните чинители (правни професионалци, трудови инспектори, здравствени работници, медиуми, полиција, социјални работници);

  • соодветен кривично-правен одговор по однос на трговијата со луѓе; и

  • оддржливи услуги и пристап до надоместок за жртвите на трговија со луѓе.

Кои се општите и конкретните цели на проектот?

Проектот ќе цели кон:

  • зајакнување на законската регулатива и практиките за ефективна борба против трговијата со луѓе, заштита на правата на жртвите и изнаоѓање соодветен одговор за новите предизвици и трендови.

  • зајакнување на кривично-правниот одговор по однос на трговијата со луѓе преку градење на капацитети и истражувања.

  • зајакнување на механизмите и процедурите со цел жртвите на трговија со луѓе да може да пристапат до правни лекови и надоместок.

Кој има придобивка од проектот?

  • Институциите кои се борат против трговијата со луѓе (Националната единица за борба против трговија со луѓе, Националниот механизам за упатување)

  • Таргетирани групи на професионалци (трудови инспектори, судии, јавни обвинители, адвокати, полиција, здравствени работници, социјални работници)

  • Организации од граѓанското општество чија мисија е спречувањето и борбата против трговија со луѓе

  • Жртви на трговија со луѓе и пошироката јавност во Северна Македонија

Како се спроведува проектот?

Проектот се надоградува врз резултатите од проектите од претходните Хоризонтални инструменти, спроведувани во фазите I и II од програмата. Го олеснува пренесувањето на знаења  од страна на меѓународни и локални експерти до професионалците кои се надлежни да постапуваат против трговија со луѓе, преку спроведување на основни и специјализирани обуки и овозможување на дијалог меѓу чинителите од разни институции и организации од граѓанското општество.

Проектот обезбедува експертиза за подготовка на политики и легислатива за борба против трговија со луѓе и поддржува сеопфатни истражувања за трговија со деца и проактивни истраги и кривично гонење на случаите со трговија со луѓе.

Што очекуваме да биде постигнато?

Проектот ќе постигне:

  • пооддржлив пристап за спречување и борба против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација и трговија со деца,

  • подобрено користење и почитување на правата на жртвите на трговија со луѓе, вклучително и правото на бесплатна правна помош, приватност и надоместок,

  • подобрено водење судски постапки и изрекување на казни за трговците со луѓе, од страна на правосудните институции и правните професионалци,

  • свесни и информирани заедници и општа јавност во Северна Македонија за ризиците по жртвите на трговија со луѓе и последиците од користење на услуги од жртви на трговија со луѓе.

Колку изнесува буџетот на проектот?

Вкупниот буџет на проектот изнесува 950 000 евра.

Буџетот распределен за целокупната програма Хоризонтален Инструмент изнесува 41 милион евра (85% финансирани од Европската Унија, 15% од Советот на Европа).

Како да се добијат повеќе информации?

Home - Council of Europe Programme Office in Skopje (coe.int)

Соравиа деловен центар, Филип Втори Македонски бр. 3, Скопје, 1000

 + 389 (2) 3100 321, e-mail: [email protected]
Вебсајт на Хоризонталниот Инструмент и e-mail адреса

 

За програмата Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција

„Хоризонталниот Инструмент за Западен Балкан и Турција“ е заедничка иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа со кој им се обезбедува на корисниците од Западен Балкан и Турција да ги исполнат своите реформски агенди на полето на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што исто така е приоритет за процесот на проширување на ЕУ.

 

 


 

Контакти на проектот

Јасмина Димитриева    Раководителка на проект         +389 2 3100 327                 контакт

Александар Ефремов       Проектен асистент                   +389 2 3100 328                 контакт