Back Полициските сили во Северна Македонија со зголемен капацитет за заштита на новинар(к)ите

Полициските сили во Северна Македонија со зголемен капацитет за заштита на новинар(к)ите

Препознавајќи ја клучната улога на новинар(к)ите како чувар(к)и на демократијата, полицијата во Северна Македонија доби алатки и знаења за подобра заштита на медиумските професионалци/ки од закани, вознемирување и насилство – и во физичкиот и во онлајн просторот.

Во таа насока, со поддршка на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“, Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи организираше специјализирана обука за унапредување на капацитетите на полициските службеници/чки за заштита на новинар(к)ите и почитување на слободата на изразување – „Јакнење на капацитетите на полицијата за заштита на новинари во Северна Македонија: Фокус на безбедност, родово засновано насилство и онлајн вознемирување“. Настанот исто така ги претстави и постигнувањата на пошироката кампања на Советот на Европа „Новинар(к)ите се важни“.

Меѓу учесниците и учесничките беа високи претставници/чки и портпарол(к)и од Државната полиција, Центарот за обука на полицијата и Секторот за компјутерски криминал. Покрај нив, Регионалните сектори на полицијата беа претставени од раководството и службениците/чките за односи со јавноста, истакнувајќи ја важноста на оперативното раководство и јавната комуникација во заштитата на новинар(к)ите. Широката застапеност потврдува национална заложба за координирани институционални одговори и обезбедување поддршка за новинар(к)ите како жртви на кривични дела.

Оваа обука претставува важен чекор кон вклучување на вакви работилници во редовната и континуирана обука на полицијата, со што ќе се обезбеди долгорочен развој на капацитетите на полициските службеници/чки низ целата земја.

И покрај напредокот – рефлектиран во 36. место на Северна Македонија во Индексот за слобода на медиумите за 2024 година – загриженоста останува, особено пред локалните избори во 2025 година, кога ризикот од напади и онлајн вознемирување се зголемува. Последниот пад на 42. место во индексот за 2025 година објавен од „Репортери без граници“ потврдува дека и понатаму е потребна засилена заштита на новинар(к)ите.

На обуката се разговараше за унапредување на знаењата и вештините на полицијата за истражување и реагирање на закани против новинар(к)и, со посебен акцент на родово чувствителен и пристап ориентиран кон жртвата. Презентациите опфатија теми како што се заштита на слободата на изразување, правна рамка, родово засновано насилство и практични вежби за градење доверлива и почитувачка комуникација со медиумските професионалци/ки.

На настанот се обрати и националната контакт точка за кампањата на Советот на Европа „Новинар(к)ите се важни“, г-дин Мухамед Исмаиљи – Помошник на министерот на Оддел за односи со јавноста и стратешки прашања при Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, кој ги презентираше тековните напори за унапредување на безбедноста на новинар(к)ите и идни иницијативи за подигнување на свеста во земјата.

Преку оваа обука, учесниците и учесничките го продлабочија своето разбирање за стандардите на Советот на Европа, вклучително и Препораката CM/Rec(2016)4 за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски актери, и разменија добри практики за истрага на закани и обезбедување навремена институционална соработка. Особен акцент беше ставен на справување со родово специфични закани – особено кон новинарки – и борба против онлајн вознемирување преку специјализирани знаења и алатки.

Учесниците/чките ја нагласија вредноста на стекнатите практични увиди и се обврзаа дека ќе го применат знаењето за создавање побезбедна и подржувачка средина за новинар(к)ите во целата држава. Во рамки на овие напори, националната контакт точка предложи портпарол(к)ите на Регионалните полициски сектори (или назначени службеници/чки за медиуми каде што нема портпарол/ка) да бидат воспоставени како локални контакт точки на кои новинар(к)ите ќе можат да пријавуваат настани поврзани со нивната безбедност.

Обуката беше организирана во рамки на заедничката програма на Советот на Европа и Европската унија „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ и проектот „Заштита на слободата на изразување и медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“, коj го спроведува Одделението за соработка за слобода на изразување во рамките на Советот на Европа.

 


 

 

Скопје, Северна Македонија 11 јуни 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

Проектот „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“ им овозможува на институциите корисници и на граѓанските организации во Северна Македонија да напредуваат кон исполнување на нивните реформски агенди во областа на слободата на изразување и слободата на медиумите, во согласност со европските стандарди.

Проектот се спроведува во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ која трае од 2023 до 2026 година и кој има за цел да придонесе за подобрена средина за остварување на правата на слобода на изразување, особено од страна на новинар(к)ите и медиумските актери, во поплуралистичка и побезбедна медиумска средина, и во согласност со стандардите утврдени во согласност со член 10 на Европската конвенција за човекови права.

 

Кои се целите и задачите на проектот?

  • Да се промовира слободата на изразување и слободата на медиумите и да се подобри примената на европските стандарди на темата;

  • Да се зајакне заштитата на новинар(к)ите и да се придонесе за создавање на овозможувачка, побезбедна и поплуралистичка медиумска средина;

  • Да се зајакнат вештините и знаењата на актерите кои се одговорни да ги применуваат стандардите за слобода на изразување, како дел од нивната секојдневна работа.

Кој има придобивки од проектот?

  • Независните државни органи во делот на регулирањето на медиумите (Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги) и пристап до информации и заштита на информации (Агенција за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и Агенција за заштита на лични податоци);

  • Здруженија на новинари и медиумски актери во Северна Македонија;

  • Професионалци/ки како што се суди(јк)и, обвинител(к)и, полицајци/ки, адвокат(к)и, радиодифузери и новинар(к)и;

  • Луѓето во Северна Македонија.

Како функционира проектот?

  • Обезбедување правни совети за подобрување на усогласувањето на правните и регулаторните рамки со релевантните европски стандарди;

  • преку подготовка на истражувањa и поддршка на политиките во областа на слободата на изразување и слободата на медиумите;

  • преку подигање на свеста кај носителите на должности и имателите на права во однос на релевантните европски стандарди;

  • преку нудење на можност за градење на капацитети за различни професионални категории, вкотвени во европските стандарди и јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП);

  • преку олеснување на регионалниот дијалог и размена на добри практики, во синергија со регионалниот проект.

Што очекуваме да постигнеме?

  • Ќе се подобри правната рамка и ќе се зајакне судската примена на европските стандарди за слобода на изразување, пристап до информации, заштита на податоците и заштита на новинар(к)ите;

  • Регулаторното тело за медиуми, Агенцијата за заштита на личните податоци, Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и јавниот радиодифузер да спроведуваат промени во нивните политики и практики во согласност со европските стандарди;

  • Безбедноста на новинар(к)ите да се зајакне во однос на справувањето со заканите и нападите, како резултат на воспоставените домашни правни механизми за заштита на слободата на изразување, во согласност со европските стандарди.

Кој е буџетот на проектот?

  • Вкупниот буџет на проектот е 680.000,00 евра.
  • Буџетот доделен за целокупната програма за Хоризонталниот инструмент изнесува приближно 41 милион евра (85% финансирано од Европската унија, 15% од Советот на Европа).

Како до повеќе информации?

 

За Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција
 

„Хоризонталниот иструмент за Западен Балкан и Турција 2023-2026“ е заедничка иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа што им овозможува на корисниците на Западен Балкан и Турција да ги исполнат нивните реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ.


 

Александра Богдановска      Постара раководителка на проектот                                     +389 2 3100 323                     контакт

Симона Трајкоска             Проектна Асистентка                  +389 2 3100 336                    контакт