Back Заеднички напори во рамките на кампањата „Новинар(к)ите се важни“ за унапредување на медиумската слобода во Северна Македонија

Заеднички напори во рамките на кампањата „Новинар(к)ите се важни“ за унапредување на медиумската слобода во Северна Македонија

Обезбедувањето на безбедноста на новинар(к)ите и унапредувањето на слободата на изразување остануваат клучни столбови на просперитетна демократија и важни приоритети во рамките на поддршката што Советот на Европа и Европската Унија ја даваат на локалните корисници/чки.

Во Северна Македонија, јавните актери ги интензивираат напорите за зајакнување на заштитата и обезбедување подобри механизми за поддршка на медиумските професионалци/ки кои работат под сè поголем притисок. Како дел од кампањата „Новинар(к)ите се важни“, истакната иницијатива која се залага за правата и заштитата на новинар(к)ите, беа реализирани повеќе средби и размена на мислења со клучните национални институции со цел унапредување на координираните активности за подобрување на безбедноста на новинар(к)ите и промоција на слободата на изразување во земјата.

Во овој контекст, се разговараше за воспоставување на Национален комитет за медиумска слобода и безбедност на новинар(к)ите — суштинска цел на кампањата „Новинар(к)ите се важни“. Врз основа на успешни модели од други земји членки, Комитетот е замислен како меѓусекторско, повеќестрано тело составено главно од претставници/чки на државни институции, како што се министерства и јавни агенции, заедно со пропорционално претставување на граѓанските организации и новинарските здруженија. Неговите главни задачи ќе вклучуваат изготвување Национален акциски план за безбедноста на новинар(к)ите, воспоставување соодветни механизми за заштита, како и координација и следење на нивната имплементација.

Средбите ја потврдија заинтересираноста на Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи за заедничко дејствување во воспоставувањето на Националниот комитет и вклучување на развојот на законодавство против СЛАП тужбите како еден од приоритетите на Националниот акциски план за безбедноста на новинар(к)ите.

Во рамките на овие дискусии, кампањата „Новинар(к)ите се важни“ во Северна Македонија беше претставена од страна на националната контакт точка, г-дин Мухамед Исмаиљи – Помошник на министерот на Оддел за односи со јавноста и стратешки прашања при Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија. Тој како неодамна назначен на оваа позиција, уште еднаш ја потврди посветеноста на Владата кон медиумската слобода и соработката со Советот на Европа за подобрување на безбедноста на новинар(к)ите согласно европските стандарди.

Особено внимание беше посветено на тековните иницијативи за изградба на капацитети, особено на специјализирани обуки за припадници/чки на полицијата. Г-дин Влатко Митковски, Помошник на министерот на Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, ја нагласи важноста на овие обуки и потврди нивна интеграција во основните и напредни програми за полицијата, со цел обезбедување одржливост и локално сопствеништво. Овие активности имаат за цел да го подобрат разбирањето на правата на новинар(к)ите и да придонесат кон поефикасна заштита при вршење на нивната работа.

Заедничкиот проект на Советот на Европа и Европската Унија „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија(ПРО-ФРЕКС)„ – ќе  биде во клучна поддржувачка улога во овој процес преку обезбедување експертиза, олеснување на консултациите со засегнатите страни и промоција на добри практики за ефективно воспоставување и функционирање на Комитетот. Дополнително, проектот ПРО-ФРЕКС ќе ја поддржи изработката на Националниот акциски план за безбедноста на новинар(к)ите преку обезбедување насоки усогласени со стандардите на Советот на Европа, поттикнување соработка меѓу членовите и прилагодување на планот на специфичниот контекст и потреби на Северна Македонија.

Беше потенцирано дека вклучувањето на локалната експертиза е клучно за изготвување на ефективен акциски план, градејќи врз инерцијата создадена со конференцијата од април 2024 година на тема „Поддршка на новинар(к)скиот интегритет и унапредување на слободата на изразување во Северна Македонија“, каде оваа иницијатива беше првично претставена пред клучните чинители.

Изготвувањето на Националниот акциски план и механизмите за заштита ќе биде водено од Препорака CM/Rec(2016)41 од Комитетот на министри до земјите-членки за заштита на новинарството и безбедност на новинарите и другите медиумски актери, како и Водичот за имплементација „Како да се заштитат новинар(к)ите и другите медиумски актери?.

Средбите завршија со заеднички интерес за забрзување на имплементацијата на мерките за безбедност на новинар(к)ите до крајот на 2025 година. Преку блиска соработка меѓу проектот ПРО-ФРЕКС, кампањата „Новинар(к)ите се важни“, владините претставници/чки и граѓанското општество, Северна Македонија е во одлична позиција да направи значителен напредок во заштитата на медиумската слобода и безбедноста на новинар(к)ите.

Оваа иницијатива е реализирана во рамките на заедничката програма на Советот на Европа и Европската Унија „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ и проектот „Заштита на слободата на изразување и медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“, коj го спроведува Одделението за соработка за слобода на изразување во рамките на Советот на Европа.

Скопје, Северна Македонија 2 јуни 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page