За Проектот

Проектот ќе ги поддржи националните власти во спроведување на препораките ндадени од страна на  Групата експерти за акција против трговијата со луѓе на Советот на Европа (ГРЕТА).

Проектот ќе се фокусира на намалување на трудова експлоатација, поттикнување пристап до компензација за жртвите на трговија со луѓе и зајакнување на постојниот Транснационален механизам за упатување.

Проектот е дел од заедничката програма на Советот на Европа и Европската Унија „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“.

Главна цел

Цел на проектот е да се придонесе за намалување на трговијата со луѓе во земјата, во согласност со европските стандарди

Посебни цели и очекувани резултати:

 Посебна цел 1: Подобрување на детекцијата и на идентификацијата и помош на жртвите на трговијата со луѓе за цели на експлоатацијата на трудот преку поттикнување на донесувањето мултидисциплинарен пристап;

Очекувани резултати:

  • Зголемени сознанија меѓу релевантните национални органи за трговијата со луѓе за цели на експлоатацијата на трудот;
  • Зголемени капацитети на инспекторите за труд, службениците за спроведување на законот, синдикатите и на другите заинтересирани субјекти за откривање, идентификување и помагање на жртвите на трговијата со луѓе за цели на експлоатацијата на трудот

  •  Посебна цел 2: Зајакнување на рамката за ефективен пристап до компензацијата за жртвите на трговијата со луѓе.

Очекувани резултати: 

  • Зголемени сознанија на надлежните органи за постојните добри практики за воспоставување државен фонд за компензација
  •  Подобрени капацитети на службениците за спроведување на законот, обвинителите и на судиите за олеснување на пристапот до компензација за жртвите на трговијата со луѓе;

 Посебна цел 3: Олеснување на безбедното враќање и на реинтеграцијата на жртвите на трговијата со луѓе

Очекувани резултати:

  • Зајакнати капацитети за ефикасна транснационална соработка и размена на информации меѓу одговорните органи и организациите на граѓанското општество во однос на идентификувањето и на упатувањето на жртвите на трговијата со луѓе.

Оваа веб-страница е изработена со средства од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија.

За проектот
  • Времетраење: 32 месец (од 1 октомври 2016 до 23 maj 2019)
  • Партнери/корисници: Националниот координатор за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за труд, Министерството за надворешни работи, Министерството за правда, како и со организации на граѓанското општество.
  • Финансиран од : Европската Унија и Советот на Европа
  • Буџет: 455,000 EУР
КОНТАКТ

 Јасмина Димитриева, Раководител на проектот