Back Суди(јк)и и адвокат(к)и од цела Северна Македонија ги зајакнуваат капацитетите за слобода на изразување и СЛАП тужби

Суди(јк)и и адвокат(к)и од цела Северна Македонија ги зајакнуваат капацитетите за слобода на изразување и СЛАП тужби

Слободата на изразување останува камен-темелник на демократските општества, но правните предизвици како што се клеветата, навредата и стратешките тужби против јавното учество (СЛАП) продолжуваат да претставуваат значителни ризици за јавната дебата и одговорноста. За да се зајакнат домашните одговори на овие предизвици, од 3 до 5 декември 2025 година во Охрид се одржа тридневна обука за слобода на изразување, клевета, навреда и СЛАП тужби, на која учествуваа 20 суди(јк)и и адвокат(к)и од цела Северна Македонија.

Обуката се темели на претходни иницијативи за справување со тековните предизвици во заштитата на слободата на изразување и поттикнување на зајакната соработка меѓу правните професионалци/ки за спречување на вакви злоупотребувачки тужби.

Обуката одговара на растечката потреба за поголема соработка меѓу суди(јк)ите и адвокат(к)ите со новинар(к)ите и медиумските актер(к)и и обезбеди простор за размена на практични искуства и перспективи во борбата против СЛАП тужбите. Зголемениот број на СЛАП случаи - како во Северна Македонија, така и во поширокиот регион - ја истакнува итноста од зајакнување на алатките и одговорите за борба против СЛАП тужбите во согласност со европските стандарди и препораките на Советот на Европа.

Во текот на програмата, учесниците/чките активно се вклучија во дискусии предводени од консултант(к)ите, практични групни вежби и анализи на реални и хипотетички случаи. Сесиите обезбедија практичен форум за примена на европските стандарди, вклучително и судската пракса на Европскиот суд за човекови права, во рамките на домашната правна рамка. Посебен акцент беше ставен на препознавање на злоупотребувачки судски постапки, обезбедување пропорционални одговори во постапките за клевета и навреда и заштита на новинар(к)ите и другите јавни чувари од правно вознемирување што го загрозува учеството на јавноста.

Работејќи заедно во интерактивни сесии, суди(јк)ите и адвокат(к)ите разменија искуства, споредија пристапи и изградија мрежи што ќе поддржат покохерентни и поефикасни практики во нивната секојдневна работа. Оваа соработка е од суштинско значење за да се обезбеди слободата на изразување да биде постојано заштитена, во согласност со европските стандарди. Обуката, исто така, ја подигна свеста за неодамнешните случувања во европската јуриспруденција, домашното законодавство и практичните алатки поврзани со слободата на изразување, клеветата, навредата и СЛАП тужбите.

Оваа активност е беше организирана од Советот на Европа во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија – ПРО-ФРЕКС“, дел од заедничката програма на Советот на Европа и ЕУ Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2023-2026, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и Адвокатската комора.

Охрид, Северна Македонија 3-5 декември 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page