Back ПРИСИЛНИТЕ ДЕТСКИ БРАКОВИ - ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА

ПРИСИЛНИТЕ ДЕТСКИ БРАКОВИ - ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА

Го нарекуваат “брак”, но за десетици девојки од Северна Македонија тоа е всушност експлоатација завиена во културолошкa нормa. Присилните детски бракови станаа доминантна форма во трговијата со деца – скриено кривично дела кое на децата им ја краде слободата, безбедноста и иднината. 

Република Северна  Македонија и оваа година се вклучува во  одбележувањето на Светскиот ден против трговијата со луѓе, 30-ти јули. Oвој ден е востановен од Генералното собрание на Обединетите нации,  со надеж дека ќе се прекине маѓепсаниот круг на трговија со деца за присилни детски бракови. Борбата мора да продолжи до целосно искоренување на трговијата со деца,. Не се работи само за законска обврска, туку и за морална обврска.

Од овие причини, проект Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија„ имплементиран во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа EУ/СоЕ Заедничка програма Хоризонтален инструмент , ја поддржа подготовката на медиумската сторија преку која се дава осврт на моменталната состојба со проблемот на трговија со деца во Северна Македонија. Главните чинители против трговијата со луѓе ги споделија своите увиди во однос на борбата против трговија со деца врз основа на долгогодишно искуство од работа на терен.

За да го прочитате опсежниот текст, користете го следниот линк https://radiopela.mk/64312/

Исто така, на располагање е и аудио верзија од разговорите, достапна на следниот линк

 

 

30 јули 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page