Back Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје ги пречека стажант(к)ите од Дирекцијата за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија

Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје ги пречека стажант(к)ите од Дирекцијата за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија

Мината недела, Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје имаше чест да пречека група стажант(к)и од Дирекцијата за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

Целта на оваа посета беше да се запознаат од прва рака со работата и главните приоритети на Советот на Европа во Северна Македонија и пошироко во регионот. Во текот на дискусијата, стажант(к)ите беа запознаени со разни иницијативи што ги спроведува Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, кои играат клучна улога во промовирањето на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

Младите професионалци и професионалки имаа можност да добијат увид во тоа како Советот на Европа, заедно со Европската Унија, ги поддржува Северна Македонија и регионот да ги исполнат највисоките стандарди во клучни области како што се правдата, антидискриминацијата, образованието и борбата против корупција. Во овој контекст, посебно внимание беше посветено на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Во текот на состанокот беше потенцирана важноста од постојаната соработка меѓу Советот на Европа, Европската комисија и локалните чинители, со истакнување на влијанието од заедничките напори за подобрување на управувањето и животот на граѓан(к)ите во Северна Македонија и регионот.

Стажант(к)ите изразија благодарност за топлиот пречек и информативните дискусии, како и за можноста да се запознаат со професионалци и професионалки посветени на регионален развој и европска интеграција.

Оваа посета го одразува тековниот ангажман за поттикнување размена, учење и соработка меѓу европските институции и локалните партнери кои работат кон заеднички вредности и одржлив напредок.

 

 

Скопје 29 јуни 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page