Back Соработката е клучна за борбата против омразата и нетолеранцијата

Соработката е клучна за борбата против омразата и нетолеранцијата

На Шестиот состанок на Управниот одмор на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа, „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, корисниците, партнерите и засегнатите страни се согласија да ја зајакнат својата соработка и да ги координираат напорите за подобрување на ефикасноста во борбата против омразата и нетолеранцијата, особено кај младите.

Членовите на состанокот на Управниот одбор имаа продуктивни дискусии за резултатите и влијанието на проектот, нагласувајќи ја важноста од градење капацитети на јавните институции за развој на хармонизиран институционален пристап за справување со дискриминацијата и говорот на омраза, како и работа со локалните заедници, особено младите, за подигање на свеста за опасностите од говорот на омраза.

Некои од значајните резултати беа поддршката за развој и спроведување на Акцискиот план за еднаквост и недискриминација, Повикот за мали грантови, како и подготовката на Упатствата за наставници и родители со цел препознавање и борба против говорот на омраза и врсничкото насилство.

Проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“ е дел од „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, заедничка програма на Европската Унија и Советот на Европа, кој има за цел да ги поддржи напорите на институциите да развијат хармонизиран институционален пристап за борба против дискриминација и говор на омраза.

Скопје, Северна Македонија 21 ноември 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page