Советот на Европа, во соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во Скопје организираше консултативен процес за дискусија за нацрт-акцискиот план за унапредување на правата на лицата кои припаѓаат на заедниците посветен на заштитата на правата на лицата кои припаѓаат на малцинства или заедници, што е важен дел од процесите на пристапување кон ЕУ. Ова е важен чекор напред во напорите за зајакнување на дијалогот и градење доверба и соработка меѓу јавните институции и здруженијата на етничките заедници кои живеат во Северна Македонија.
Форумот беше организиран на начин да функционира како неформална и консултативна платформа која поттикнува соработка, комуникација и доверба меѓу недоволно застапените етнички заедници и поврзаните јавни актери. Тој обезбеди дијалог меѓу учесниците, даде препораки за подобрување на општеството и правата на сите етнички заедници и дискутираше за клучните прашања поврзани со заштитата на правата на етничките заедници.
Настанот го отвори Далибор Китановиќ, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, поздравувајќи ги учесниците и учесничките и поканувајќи ги отворено да ги искажат своите ставови со цел да се создаде документ кој ќе ги опфати потребите и ќе ги подобри правата на сите етнички групи, нагласувајќи ја важноста на Форумот како платформа која отворила важни теми и ќе продолжи да го прави тоа.
Н.Е. Михалис Рокас, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, исто така, ги поздрави учесниците, изразувајќи го своето задоволство од широкото учество на овој настан. Тој ја нагласи важноста на овој состанок, уште еден важен чекор напред за усвојување на Акцискиот план и приближување на Северна Македонија кон европските стандарди и процесот на пристапување кон ЕУ.
Анџела Лонго, раководителка на Одделот за соработка против дискриминацијата на Советот на Европа, ја истакна важноста на Акцискиот план за обезбедување подобра заштита на човековите права за помалку застапените етнички заедници. Таа ја истакната важноста на препораките на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за национални малцинства во петтото мислење за Северна Македонија во 2021 година во врска со, повторувајќи ја суштинската улога на дијалогот и соработката меѓу актерите за да се обезбеди пристап заснован на човековите права преку обезбедување транспарентност и отчетност и да се овозможи сечиј глас да биде слушнат
Потоа следеше презентација на Акцискиот план, неговата методологија и дизајн. Меѓународните и домашните експерти и експертки разговараа со учесниците и учесничките за документот и општата состојба. По конструктивен дијалог, беше подготвено резиме со главните заклучоци од состанокот, а учесниците и учесничките беа охрабрени да дадат дополнителни коментари кои ќе бидат разгледани во следната фаза од процесот на пишување на документот.
Овој настан беше организиран со поддршка на проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

