Back Детско катче за посета на децата на осудените лица официјално отворено во КПД Штип

Детско катче за посета на децата на осудените лица официјално отворено во КПД Штип

Детското катче за посета на децата на осудените лица беше официјално отворено во казнено-поправниот дом Штип на 21 септември 2018 година како прва просторија од ваков вид во државата, во согласност со препораката на Комитетот на министри на Советот на Европа CM/Rec (2018)5 во врска со децата на родители кои издржуваат затворска казна.

Новото опкружување ќе го подобри контактот на децата со нивните родители во затвор во амбиент кој е прилагоден на нивната возраст, на тој начин заштитувајќи го нивниот емоционален, психолошки и социјален развој. Во реализирањето на оваа иницијатива КПД Штип соработуваше со локалната заедница. Имено, ѕидовите на просторијата за посети беа бојадисани и исцртани од страна на ученици од локалното средно училиште, како и студенти од Ликовната академија во Штип, со што се промовира поддршката и придонесот на локалната заедница кон ресоцијализацијата на осудените лица.

Опремувањето на детското катче за посета на децата на осудените лица во КПД Штип беше поддржано како дел од проектот „Јакнење на заштитата на правата на осудените лица”, ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа во рамки на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” и спроведуван од Советот на Европа.

 

STIP 21 SEPTEMBER 2018
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page