Back Обука за раководење со затворите за директори и заменици директори на казнено-поправни установи

Обука за раководење со затворите за директори и заменици директори на казнено-поправни установи

Управата за извршување санкции и раководни структури од националниот затворски систем на „Поранешната Југословенска Република Македонија” беа корисници на четиридневна обука за раководење со затвори која се одржа на 24-27 јануари 2018 г. во Битола.

Сесијата за обука се фокусираше на обврските на државата кои произлегуваат од Европската конвенција за човекови права, посебно членовите 2 и 3, како и на наодите од последниот извештај за државата на Комитетот за превенција на тортура и претставуваше форум за дискусија во однос на можните решенија за некои од предизвиците и подобрување на условите на осудените лица со цел да се усогласат со стандардите на Советот на Европа. Обуката исто така се фокусираше на важноста од развивање на стратегија и употреба на стандардни оперативни процедури со цел затворскиот персонал биде запознаен со стандардите и истите да ги почитува.

Дополнително, директорите на казнено-поправните установи имаа корист од обуката бидејќи стекнаа лидерски и менаџерски вештини, дискутираа за етика и професионализам, стратешко управување, оперативно планирање, акциски планови и управување со промената преку презентации, дискусии, практични примери и играње на улоги. Учесниците на обуката исто така изготвија и SWOT анализа за нивните затвори и стратешки план за подобрување на управувањето во нивните установи, врз основа на стратешките цели, идентификувани и усвоени во Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем (2015 – 2019 г.) и во согласност со меѓународните и европските стандарди.

Сесијата за обука беше насочувана од страна на двајца меѓународни консултанти и на неа учествуваа директорот на Управата за извршување санкции во рамките на Министерството за правда, 19 директори и заменици директори на казнено-поправни установи, како и други повисоки службеници од различни пенитенцијарни установи низ целата држава.

Обуката беше организирана како дел од проектот „Јакнење на заштитата на правата на осудените лица”, заеднички проект на Европската Унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција”.

Bitola 31 January 2018
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page