Back Обука за директори на затворите и високи раководни структури во Северна Македонија

Обука за директори на затворите и високи раководни структури во Северна Македонија

Директорите и раководството на затворите ја зголемија својата свест и знаење во однос на таргетирањето на радикализацијата во затворите преку тридневна обука која се одржа во Гевгелија на 18-20 февруари 2019 г. Преку обуката беше овозможено да се разгледа феноменот на радикализацијата во затворите од аспект на меѓународните стандарди и најдобри практики, фокусирајќи се на упатствата и прирачникот за радикализација на Советот на Европа, но истовремено се овозможи и дебата во врска со проблемите и предизвиците кои радикализацијата ги носи на национално ниво.

Учесниците исто така дискутираа и за примената во пракса на алатките за скрининг и за проценка на ризикот и потребите на радикализираните осудени лица, кои беа претходно изготвени во рамки на проектот. Дополнително, тие разменија мислења во врска со функционирањето на мултидисциплинарните тимови за третман, насочени кон скрининг и изготвување профили на осудените лица, како и во однос на важноста на поддршката од страна на раководството и доброто управување со затворите во борбата против радикализацијата во затворите.

Обуката за директорите и раководството на затворите за радикализацијата во затворите се спроведе како дел од проектот „Јакнење на заштитата на правата на осудените лица”, ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа во рамки на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” која ја спроведува Советот на Европа.

Gevgelija 18-20 February 2019
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page