Back Тркалезна маса за презентација и дискусија по Извештајот за радикализација

Тркалезна маса за презентација и дискусија по Извештајот за радикализација

Феноменот на радикализацијата во затворите се појави како значајно прашање кое треба да се адресира во националните пенитенцијарни системи низ цела Европа. Самиот факт дека затворите може да се користат како плодно тло за понатамошна радикализација на насилни екстремисти  и дека радикализираните осудени лица кои треба да се подготват за отпуст од затвор не се соодветно ресоцијализирани предизвикува голема загриженост низ затворските системи.

Мултилатералната тркалезна маса која се фокусираше на радикализацијата во националниот пенитенцијарен систем се одржа на 12 март 2018 г. во Скопје и ги собра претставниците од Управата за извршување на санкциите (УИС) при Министерството за правда, директорите на затворите и друг затворски персонал, претставниците од Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи, претставниците од Канцеларијата на Народниот правобранител, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Јавното обвинителство, претставниците на судството, како и претставниците на дипломатскиот кор и меѓународните организации со цел да се дискутира по извештајот за проценка на радикализацијата во затворите и да се идентификуваат најдобрите начини за решавање на ова прашање.  

Тркалезната маса резултираше со идентификување на активностите кои треба да се спроведат во следниот период, како изготвување и примена на алатка за скрининг за проценка на ризик и интервенции во затворите, развивање и спроведување на програми за третман на радикализирани осудени лица, како и обука на затворски персонал за идентификување и третман на радикализирани осудени лица и насилни екстремисти, согласно со Националната стратегија за спречување на насилен екстремизам (2018-2022 г.). 

Скопје 12 март 2018
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page