Back Тркалезна маса за презентација на извештајот од мисијата за проценка на состојбата во однос на здравствената заштита во затворите во Северна Македонија

Тркалезна маса за презентација на извештајот од мисијата за проценка на состојбата во однос на здравствената заштита во затворите во Северна Македонија

Извештајот за проценка на состојбата во однос на обезбедувањето здравствена заштита во затворите во Северна Македонија беше презентиран на мултилатерална тркалезна маса која се одржа на 16 април 2019 г. во Скопје и на која присуствуваа претставници од Управата за извршување санкции (УИС) при Министерството за правда, претставници од Министерството за здравство, Министерството за надворешни работи, Националниот координатор за здравство во Кабинетот на Претседателот на Владата, директори на казнено-поправните установи, лекари ангажирани во затворите и друг затворски персонал, директори и лекари од јавните здравствени домови низ државата, претставници од Канцеларијата на Народниот правобранител и Националниот превентивен механизам, како и претставници од невладиниот сектор.

Извештајот беше изготвен од страна на двајца меѓународни консултанти на Советот на Европа по нивната мисијата за проценка спроведена во јануари и февруари 2019 година и се фокусира на идентификување на слабостите на постоечката структура и можностите за подобрување на здравствената заштита во затворите, согласно со стандардите на Советот на Европа и најдобрите европски практики, посебно имајќи го во предвид неодамнешниот трансфер на надлежности во однос на здравствената заштита во затворите од Министерството за правда на Министерството за здравство и регионалните јавни здравствени домови.

Како резултат на тркалезната маса беа идентификувани потребите кои треба да се адресираат во рамки на втората фаза од програмата Horizontal Facility, како воспоставување на стандардни процедури и протоколи за здравствена заштита во затворите, како и систематска обука за медицински и немедицински персонал кој работи во казнено-поправните установи, од областите на етика во здравствената заштита во затворите, здравствени нарушувања специфични за затворските средини, како и превенција и унапредување на здравјето во затворите.

Тркалезната маса беше организирана како дел од проектот „Јакнење на заштитата на правата на осудените лица”, ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа во рамки на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” и спроведуван од Советот на Европа.

Скопје 16 април 2019
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page