Back РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА за споделување искуства во однос на дерадикализација, постапување и ресоцијализација на осудени лица во Западен Балкан

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА за споделување искуства во однос на дерадикализација, постапување и ресоцијализација на осудени лица во Западен Балкан

На регионалната конференција присуствуваа претставници на затворските управи од Западен Балкан кои се согласија околу потребата од понатамошно зајакнување на соработката помеѓу затворските системи во регионот. Преку конференцијата се започна со размена на добри практики околу адресирање на прашањето на радикализацијата во затворите и програмите за ресоцијализација на насилни радикализирани лица.

Учесниците дискутираа и споделија идеи во однос на стратегиите за борба против радикализацијата во затворите со акцент на потребата од развивање на специфични алатки за скрининг и за проценка, планови за интервенција и третман, обука на затворски персонал и соработка помеѓу различните тела. Заедничките заклучоци кои беа усвоени на затворањето на конференцијата ќе служат како основа за развивање на идна регионална соработка во однос на радикализацијата во затворите.

Регионалната конференција се одржа во Скопје на 3 и 4 октомври 2018 г. Освен затворските власти, на конференцијата присуствуваа експерти на Советот на Европа и на Мрежата за подигање на свеста за радикализацијата, како и претставници од Делегациите на ЕУ и релевантни меѓународни организации, како ОБСЕ и Канцеларијата на ОН за дроги и криминал (UNODC).

Конференцијата беше организирана во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција”, која е ко-финансирана од страна на Европската Унија и Советот на Европа, а ја спроведува Советот на Европа.

Скопје 3 - 4 октомври 2018
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page