Управата за извршување санкции (УИС) и селектирани членови на затворскиот персонал беа активно вклучени во изготвувањето на Прирачник за обука на затворски персонал и на Стратегија за воведување на концептот на динамичка безбедност во казнено-поправните установи низ целата држава, насочени кон понатамошно зајакнување на постоечките безбедносни и контролни механизми и гарантирање на безбедноста и сигурноста за сите осудени лица, затворскиот персонал и на сите посетители, врз основа на градење на позитивни односи со осудените лица преку разбирање на нивната лична ситуација, ризици и потреби.
УИС и членовите на работната група (РГ) покажаа голема заложба во текот на процесот на развивање на документите и подготвеност за обезбедување на потребните предуслови за целосна имплементација на овој концепт во праксата. Исто така беше договорено и дека концептот за динамичка безбедност ќе биде вклучен во целата почетна и континуирана обука за вработените лица, на тој начин правејќи ги свесни за нивната одговорност да обезбедат сигурно, безбедно и хумано лишување од слобода преку позитивна и професионална интеракција со осудените лица.
Прирачникот за обука и стратегијата беа дискутирани и финализирани на дводневна средба која се одржа на 11-12 декември 2017 година во Скопје, која ја насочуваа двајца меѓународни консултанти и на која учествуваа 8 членови на РГ, претставници од националниот пенитенцијарен систем.
Состанокот на работната група беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на заштитата на правата на осудените лица”, ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција”.
