Вкупно 260 лица вработени во затворскиот систем од различни пенитенцијарни установи низ целата држава се запознаа со новиот Кодекс на однесување за затворски персонал преку учество на 10 еднодневни сесии каскадна обука организирани во текот на април и мај 2018 г. Главните принципи, упатства и вредности инкорпорирани во Кодексот, кои беа развиени во согласност со препораката на Советот на Европа CM/Rec(2012)5 за Европскиот етички кодекс за затворски персонал беа презентирани и за нив се дискутираше во текот на овие сесии.
Дополнително, по објавувањето на Кодексот на однесување за затворски персонал во Службен весник вкупно 1000 примероци од истиот беа испечатени и разделени на затворскиот персонал низ целата држава. Управата за извршување санкции изрази заложба да обезбеди соодветна примена на Кодексот на однесување во секојдневното работење на затворскиот персонал и понатаму да ја распространува свеста со цел да се зајакне професионализмот и да се обезбеди извршување на задачите на затворскиот персонал на недискриминаторски и непристрасен начин согласно со националните закони и меѓународните стандарди.
Сесиите каскадна обука беа организирани како дел од проектот „Јакнење на заштитата на правата на осудените лица”, ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа во рамки на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” и спроведуван од Советот на Европа.
