Back Прв состанок на работната група за радикализација во националниот затворски систем одржан во Скопје

Прв состанок на работната група за радикализација во националниот затворски систем одржан во Скопје

Во контектс на решавањето на радикализацијата во затворите во земјата и во светло на наодите од оценувачката мисија спроведена претходно во 2018 година, работна група составена од десет претставници од Дирекцијата за извршување на санкциите во Министерството на Правда и затворскиот персонал кој работи во областа на рехабилитацијата и затворската полиција е формиран во текот на јуни 2018 година.

На 27 јуни, неколкумина членови на работната група и двајца меѓународни консултанти од Советот на Европа го посетија затворот во Штип, каде што се состанаа со раководството на затворот и затворскиот персонал кој работи во областа на рехабилитација, со цел да се разговара за прашањето за идентификација и проценка на радикализирани затвореници, за да се идентификуваат недостатоците во нивниот сегашен третман и да ги разгледаат најдобрите начини за понатамошно справување со радикализацијата во затворите. На 28-29 јуни 2018 година, работната група го имаше својот прв состанок во Скопје на кој разговараа за развој на алатка за скрининг и методологија за изработка на индивидуални планови за третман на радикализирани осудени лица.

Посетата на затворот Штип и првата средба на работната група беа организирани во рамките на проектот "Зајакнување на заштитата на правата на осудените лица", кофинансирани од Европската Унија и Советот на Европа во рамките на програмата " Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција "и имплементиран од Советот на Европа.

Скопје 28 - 29 јуни 2018
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page