Вкупно 170 членови на затворскиот персонал беа обучени во текот на осум еднодневни сесии на каскадна обука за третман на насилни лица во затворите која беше организирана во периодот од 15-22 февруари 2018 г. во Центарот за обука во Идризово, Струмица и во Битола. Каскадните сесии дополнително ги зајакнаа капацитетите на затворскиот персонал со крајна цел да се подобри постапувањето со насилните осудени лица преку воведување и имплементација на специфичен модул за нивен третман.
Сесиите ги спроведоа национални обучувачи, имено лица вработени во националниот пенитенцијарен систем кои беа вклучени во развивањето на модулот и кои веќе беа обучени како едукатори во рамките на овој проект. Модулот ќе биде пилотиран во најголемата казнено-поправна установа во државата Идризово во следниот период.
Каскадната обука беше организирана како дел од проектот „Јакнење на заштитата на правата на осудените лица”, ко-финансиран од Европската Унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” која ја спроведува Советот на Европа.
