Back Промоција на првиот проект од програмата Horizontal Facility во Скопје

Промоција на првиот проект од програмата Horizontal Facility во Скопје

Проектот „Јакнење на заштитата на правата на осудените лица”, кој е финансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” и го спроведува Советот на Европа беше успешно промовиран на 29 јуни 2016 г. во Скопје.

Крајната цел на проектот е да се зајакне заштитата на правата на осудените лица во согласност со стандардите на Советот на Европа. Оваа цел ќе биде постигната преку воведување на ефикасни механизми за справување со случаите на несоодветно постапување и корупција во затворите, понатамошно зајакнување на внатрешниот систем на инспекциски надзор во затворите, подобрување на третманот на осудените лица, воведување на ефикасно раководење со затворите и на механизми за борба против насилството меѓу осудените лица, како и други активности насочени кон јакнење на заштитата на правата на осудените лица.

Со поздравен говор на учесниците на конференцијата им се обратија:

г-дин Валдет Џафери, Министер за правда

г-дин Лукаш Холуб, Шеф на оддел за политички прашања и информирање, Делегација на Европската унија 

г-ѓа Тања Ван Дајк, Координатор на Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција, Совет на Европа

На настанот присуствуваа повеќе од 50 учесници, вклучувајќи претставници од Министерството за правда и други претставници на владата, претставници од Управата за извршување санкции, директори на затворите, претставници од канцеларијата на Народниот правобранител, обвинители, судии, меѓународни организации, како и претставници од невладиниот сектор и академската заедница. Конференцијата за промоција на проектот беше добро покриена од страна на медиумите.  

Read more

Skopje 29 јуни 2016
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page