Back ROMACTED програма во Северна Македонија

Координативен состанок на засегнатите страни
ROMACTED програма во Северна Македонија

Во рамки на програмата ROMACTED на 25 октомври, во просториите на Министерството за труд и социјална политика во Скопје се организираше координативен состанок со засегнатите страни. Целта на состанокот беше да ги собере меѓународните организации, амбасадите, ромските невладини организации и релевантните министерства за споделување на информации / активности поврзани со проектот и предизвици со кои се соочуваат во текот на процесот на имплементација.
На состанокот беше домаќин и претседаваше Министерството за труд и социјална политика. Воведно обраќање на состанокот го одржа г-дин Никола Бертолини, шеф на сектор за соработка при Делегацијата на Европската унија во Скопје и г-ѓа Моника Мартинез, шеф на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. Средбата ја водеше г-ѓа Мабера Камбери - раководител на Секторот за координација и техничка помош во кабинетот на Министерот за труд и социјална политика.

На состанокот учествуваа следниве засегнати страни:


Претставници од Министерството за труд и социјална политика, Кабинет на министерството без ресор - г-дин Аксел Ахмедовски, Делегација на Европската унија во Северна Македонија, Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Мисија на ОБСЕ во Скопје, УНДП , Меѓународната организација за миграција - Скопје, Фондацијата за отворено општество во Скопје, Институтот за европска политика Скопје, ГИЗ Скопје, Ромалитико, ИнСоЦ - Иницијатива за социјални промени, Ромски образовен фонд Скопје, Ресурсен центар, Ромаверзитас Скопје, КООП Скопје, Национален ромски центар, РЕДИ - Ромска иницијатива за развој на претприемништво и ROMACTED организација за поддршка на демократски развој на Ромите "Сонце".
Главните цели на состанокот беа усогласување на работата за инклузија на Ромите, како и подобрување на синергиите, поттикнување на координацијата помеѓу засегнатите страни и воспоставување практика за организирање на вакви средби на секои 6 месеци или врз основа на потребата.
ROMACTED програма има за цел градење на политичка волја и одржливо политичко ангажирање на локалните власти за подобрување на демократското локално владеење и зајакнување на локалните ромски заедници.

Скопје 25 октомври 2018
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page