Back Тркалезна маса за „Улогата на релевантните институции во борбата против нечовечното и понижувачко постапување и против неказнивоста, во врска со членот 3 од ЕКЧП“

Тркалезна маса за „Улогата на релевантните институции во борбата против нечовечното и понижувачко постапување и против неказнивоста, во врска со членот 3 од ЕКЧП“

Средбата за „Улогата на релевантните институции во борбата против нечовечното и понижувачко постапување и против неказнивоста, во врска со членот 3 од Европската конвенција за човекови права“, на која учесници беа правни практичари,  службеници на органите на прогон, народен правобранител и претставници од невладини организации, беше организирана како дел од проектот за „Зајакнување на капацитетите на судството за заштита на човековите права и борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста”.

Настанот беше замислен како еднодневна дискусија со цел да се презентираат надлежностите на релевантните институции во борбата против  нечовечното и понижувачко постапување и против неказнивоста и заеднички да се дискутира за актуелната состојба и за можните области на подобрување и соработка. Работниот дел се состоеше од четири презентации, со дискусија по секоја презентација, со вовед во улогата, надлежностите и практичните искуства на Министерството за внатрешни работи, јавниот обвинител, народниот правобранител и улогата на Националниот превентивен механизам и на граѓанското општество. На тркалезната маса присуствуваа 27 учесници, главно претставници од горенаведените институции и граѓански организации.

Во фокусот на настанот беше улогата на релевантните државни институции во заштитата на правата дадени со членот 3 од ЕКЧП, на меѓуинституционалната соработка, главно со институцијата Народен правобранител, како и на утврдувањето на недостатоците.  Претставниците на граѓанските организации придонесоа со своите искуства и согледувања, давајќи препораки за подобрување на постапките на релевантните државни институции.

Skopje 04 Maj 2017
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page