Резиме на проектот

Проектот е ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа како дел од програмат Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facility) и ќе биде спроведен од страна на Советот на Европа. Преку овој проект, Советот на Европа има за цел да им помогне на властите да ги надминат утврдените недостатоци и практични слабости поврзани со обуката, правејќи анализа на потребите и развивајќи сеопфатен курикулум за обука на судии, обвинители и останати правни практичари, како и за судиите од Уставниот суд за одредени тематски области од Европската конвенција за човековите права. Советот на Европа ќе го спроведува проектот во блиска соработка и во партнерство со Академијата за судии и јавни обвинители, “Павел Шатев“, Уставниот суд, Министерството за правда ( Канцеларијата на владиниот агент за застапување пред Европскиот суд за човекови права), Врховниот суд, апелациските судови и Народниот правобранител.

Цел на проектот

Генералната цел на проектот е да придонесе кон напорите на државата за зајакнување на капацитетите на правните практичари за заштита на човековите права и борбата против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста.

Цели и очекувани резултати

Конкретна цел 1: Подобрување на  капацитетите на судството за примена и заштита на стандардите за европските човекови права

Очекувани резултати:

  • Зајакнат и оддржлив интерен капацитет на Академијата за спроведување на обуки за човекови права за судии и обвинители
  • Судиите и обвинителите подобро ги толкуваат и применуваат одредбите од Европската конвенција за човековите права и судската пракса на Европскиот суд за човековите права
  • Уставниот суд поефективно ги применува европските стандарди за човекови права во случаи на поднесување на индивидуална жалба

Конкретна цел 2: Подобрување на капацитетите на судството за поефективна борба против нечовечното и понижувачкото постапување и против неказнивоста

Очекувани резултати:

  • Зајакнат капацитет на Академијата за судии и обвинители за обука на правни практичари за борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста
  • Зголемен капацитет на правните практичари за борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста во согласност со Европската конвенција за човековите права и со судската пракса на Европскиот суд за човекови права

Оваа веб-страница е изработена со средства од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија.

Horizontal Facility logo

ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ПРОЕКТОТ
  • Времетраење: 18 месеци (од 1 декември 2016 до 31 мај 2018)
  • Проектот е затворен од 31 мај 2018
  • Корисници/Партнери: Aкадемија за судии и јавни обвинители, Уставен суд, Миистерство за правда, Народниот правобранител, Врховниот суд, Мисијата на ОБСЕ 
  • Финансиран од: Европската Унија и Советот на Европа
  • Буџет: 700,000 EУР
КОНТАКТ КОНТАКТ

 Атанас ГЕОРГИЕВСКИ, Проектен Ко-ординатор, Скопје

 Анамарија МИТРОВСКА, Проектен асистент, Скопје