Back Обука на едукатори за група од 20 национални полициски едукатори

Обука на едукатори за група од 20 национални полициски едукатори

Петдневната обука за обновување на знаењето на едукаторите се одржа во периодот од 27 до 31 март 2017 г. во Охрид. Целта на сесијата беше да се обнови знаењето и вештините на групата полициски едукатори формирана во рамки на Заедничката програма на ЕУ/Совет на Европа „Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица” (2012-2015 година).

Обуката на едукатори се фокусираше на зголемување на разбирањето на полициската етика и почитувањето на човековите права при полициските постапки, приведувањето и употребата на сила, како и на постапување со задржани лица и спречување на несоодветно постапување. Полициските едукатори понатаму ќе го пренесат знаењето и вештините на 600 полициски службеници преку каскадна обука која ќе биде организирана започнувајќи од септември 2017 г.

Обуката на едукатори беше организирана како дел од проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување”, кој е финансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција”. Следните каскадни обуки ќе бидат организирани во рамките на истиот проект.

Охрид 06 април 2017
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page