Тридневната студиска посета на полициската служба на Сојузната држава Бранденбург, Германија беше организирана од 23 до 25 јануари 2018 г. за група од 7 раководни полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во рамки на Министерството за внатрешни работи на "Поранешната Југословенска Република Македонија".
Како резултат од студиската посета, делегацијата имаше корист од размената на искуства во областа на полициското работење во Сојузната држава Бранденбург, постапките за спроведување истраги со посебен фокус на корупција, како и во однос на работата на Универзитетот за применети полициски науки.
Во текот на посетата делегацијата оствари средба со повисоки полициски службеници од Државното биро за кривични истраги во Еберсвалде, со обвинители од Јавното обвинителство во Нојрупин, претставници од Меѓународниот центар при Универзитетот за применети полициски науки и со претставници од Полициската инспекција во Ораниенбург. Темите за кои се разговараше со соговорниците ги вклучуваа искуствата во однос на работата на полицијата во Бранденбург, постапките за спроведување истраги од страна на Државното биро за кривични истраги и соработката со Јавното обвинителство, посебно во областа на корупцијата и повратот на имот, како и структурата, функционирањето и почетната обука за полициски службеници која ја спроведува Универзитетот за применети полициски студии во Ораниенбург. Понатаму, членовите на делегацијата ја посетија Полициската инспекција во Ораниенбург каде се запознаа со рутинските постапки и процедури кои Полициската инспекција ги спроведува во своето секојдневно работење и ги споделија искуствата со нивните германски колеги.
Студиската посета беше организирана како дел од проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување”, кој е финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” и го спроведува Советот на Европа.
