Back Ревидирање на програмите за континуирана обука на полицијата

Ревидирање на програмите за континуирана обука на полицијата

Првиот состанок на работната група (РГ) за зајакнување на континуираната обука на полицијата се одржа во Скопје на 17-18 јануари 2017 г. Целта на состанокот беше да се разгледаат постојните програми за континуирана обука на полицијата и да се изготват препораки за подобрување врз база на наодите од мисијата за проценка, која беше спроведена во ноември 2016 г. Извештајот за проценка беше презентиран и членовите на РГ разговараа за можностите за зајакнување на континуираната обука на полицијата и потенцијалното ревидирање на трите модули кои беа развиени во рамки на претходната Заедничка програма.

Состанокот беше насочуван од страна на двајца меѓународни консултанти. Работната група беше составена од вкупно 8 членови, претставници од Министерството за внатрешни работи, вклучувајќи полициски службеници од различни полициски станици и вработени во Центарот за обука при МВР.

Состанокот на работната група беше организиран како дел од проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување”, кој е финансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција”.

Skopje 17-18 јануари 2017
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page