Back Зајакната континуираната обука за вработените во Одделот за внатрешна контрола на полицијата

Зајакната континуираната обука за вработените во Одделот за внатрешна контрола на полицијата

12 истражители од Одделот за внатрешна контрола, кривични истраги и професионални стандарди (ОВККИПС) при Министерството за внатрешни работи го подобрија своето знаење за професионалните стандарди, полицискиот интегритет и ефикасната истрага во однос на повреди на член 2 и 3 од ЕКЧП на сесија за обука на едукатори, која се одржа во Охрид на 25-29 септември 2017 г.

Учесниците се стекнаа со потребните вештини за едукатори и ги подобрија нивните презентациски и комуникациски вештини. Во овој поглед, тие понатаму ќе го споделат знаењето со нивните колеги од ОВККИПС преку неколку сесии каскадна обука кои ќе се одржат во текот на ноември 2017 г. Ваквиот пристап ќе овозможи одржлива континуирана обука во рамки на ОВККИПС со цел да се обезбеди континуирано јакнење на капацитетите на персоналот на Одделот, на тој начин зајакнувајќи го механизмот за спроведување внатрешна контрола на полицијата.

Сесијата за обука на едукатори беше организирана во рамки на проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување”, кој е ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” и го спроведува Советот на Европа.

Охрид 11 октомври 2017
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page