Back Мисија за проценка во Скопје во однос на обезбедувањето континуирана обука за полициските службеници

Мисија за проценка во Скопје во однос на обезбедувањето континуирана обука за полициските службеници

Тридневната мисија за проценка беше спроведена од двајца консултанти на Советот на Европа во периодот 14-16 ноември 2016 г. во Скопје со цел да се зајакне обезбедувањето континуирана обука за полицијата преку подобрување на тековната програма за обука. Како дел од мисијата за проценка беа одржани средби со членовите на работната група од Бирото за јавна безбедност и Одделението за континуирана обука при Секторот за човечки ресурси на Министерството за внатрешни работи, како и со група од 20 национални едукатори кои минаа обука за едукатори за полициско работење почитувајќи ги човековите права и кои го пренесоа своето знаење и вештини на нивните колеги преку каскадни обуки спроведени во рамки на претходната Заедничка програма.

Консултантите исто така го посетија и Центарот за обука во Идризово каде разговараа за постојните програми и наставни планови за почетна и континуирана обука и за начините за нивно подобрување.

Оваа активност беше организирана во рамките на проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување”, кој е дел од програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција”, ко-финансирана од страна на Европската унија и Советот на Европа и го спроведува Советот на Европа.Мисија за проценка во Скопје во однос на обезбедувањето континуирана обука за полициските службенициМисија за проценка во Скопје во однос на обезбедувањето континуирана обука за полициските службеници

Skopje 15 декември 2016
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page