Back Промоција на проектот за „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување’’

Промоција на проектот за „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување’’

Промоцијата на проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување’’ се одржа на 21 септември 2016 г. во Скопје. Проектот е финансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа во рамки на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција" и го спроведува Советот на Европа..

Крајната цел на проектот е да се зајакне заштитата на човековите права во државата во согласност со стандардите на Советот на Европа и меѓународните стандарди. Оваа цел ќе биде постигната преку обезбедување одржливост на континуираната обука на полицијата во согласност со меѓународните стандарди, јакнејќи ги гаранциите за спречување на несоодветно постапување и подобрувајќи го механизмот за спроведување на внатрешни полициски истраги. Суштинскиот исчекор кон превенирањето и борбата против несоодветното постапување треба да се направи преку воведување на ефикасна контрола над работата на полицијата преку воспоставување на надворешен механизам за контрола, кој е предвиден да се спроведе во 2017 г.

Со поздравен говор на учесниците на конференцијата им се обратија: г-дин Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи, г-дин Никола Бертолини, Раководител на Сектор за соработка при Делегацијата на Европската унија во Скопје и г-ѓа Тања Ван Дајк, Координатор на програмата Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција при Советот на Европа.

На настанот присуствуваа повеќе од 50 учесници, вклучувајќи претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, претставници од канцеларијата на Народниот правобранител, обвинители, судии, други владини претставници, меѓународни организации, како и претставници од невладиниот сектор и академската заедница. Конференцијата за промоција беше добро покриена од страна на медиумите. 

Read more

Скопје 22 септември 2016
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page