Дводневниот состанок на работната група се одржа на 6-7 јуни 2017 г. во Скопје, со цел да се финализира изготвувањето на двата модули за континуирана обука на вработените во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, имено модул 1 за Истрага во однос на повредите на професионалните стандарди од страна на полициските службеници и модул 2 за истрага по повреди на член 2 и 3 од Европската конвенција за човекови права. По финалната сесија на работната група ќе следи обука на едукатори и каскадни обуки за персоналот на Одделот за внатрешна контрола со цел да се подобрат капацитетите на механизмот за внатрешна контрола на полицијата во однос на истрагите и спречувањето на несоодветно постапување од страна на полицијата.
Состанокот беше раководен од страна на двајца меѓународни консултанти со учество на вработени од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.
Состанокот на работната група беше организиран како дел од проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување”, кој е финансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција”.
