Back Состанок за евалуација на сесиите за каскадна обука на полициските службеници

Состанок за евалуација на сесиите за каскадна обука на полициските службеници

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Одделението за обука во рамки на Бирото за јавна безбедност при МВР беа корисници на евалуација и идентификување на дополнителните потреби од обука на полициските службеници во однос на промовирањето и заштитата на човековите права во полициските постапки. На сесијата се разгледа и процесот на обука која беше спроведена во септември, користените алатки и методологии и се разгледаа дополнителните методи за обезбедување на одржлива континуирана обука за полицијата. Активноста беше дел од обуката на полициски службеници за човекови права, полициска етика, како и за употреба на сила во полициски постапки. Сесиите каскадна обука кои беа реализирани во текот на септември беа спроведени од страна на 20 искусни полициски службеници, национални едукатори за вкупно 625 полициски службеници преку организирање на 25 сесии за обука. Овие сесии за обука беа евалуирани и беа дадени препораки во врска со дополнителните потреби од обука на униформираните полициски службеници.

Сесијата за евалуација ја насочуваа двајца консултанти и на неа учествуваа 26 претставници од МВР, имено националните едукатори кои ги спроведоа сесиите каскадна обука, високи раководни службеници и претставници од Одделението за обука во рамките на Бирото за јавна безбедност, како и од Секторот за Европска Унија и меѓународна соработка при МВР, како и претставници од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Сесијата за евалуација и дискусија се одржа од 29 ноември до 1 декември 2017 г. во Маврово и истата беше организирана како дел од проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување”, кој е финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” и го спроведува Советот на Европа.

Mаврово 29 ноември 2017 - 01 декември 2017
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page