Back Зајакнување на соработката помеѓу ново-воспоставениот механизам за надворешна контрола на полицијата, Министерството за внатрешни работи и Управата за извршување санкции

Зајакнување на соработката помеѓу ново-воспоставениот механизам за надворешна контрола на полицијата, Министерството за внатрешни работи и Управата за извршување санкции

Работилницата која се фокусираше на унапредување на односите и соработката помеѓу ново-воспоставениот механизам за надворешна контрола на полицијата со државните власти се одржа на 15 април 2019 година во Скопје. Во неа учествуваа јавни обвинители од специјализираното одделение за надворешна контрола во рамки на Јавното обвинителство, Заменик народен правобранител, претставници од Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи, Управата за извршување санкции при Министерството за правда и затворски службеници.

Учесниците го споделија своето искуство во однос на тековното функционирање на новиот механизам и дискутираа околу модалитетите за подобрување на координацијата и соработката помеѓу сите чинители вклучени во надворешниот механизам за контрола на работата на лицата со полициски овластувања и припадниците на затворската полиција.

Заклучокот кој беше усвоен од страна на сите учесници беше дека Владата мора да ги обезбеди сите потребни предуслови, како финансиски и соодветни човечки и материјални ресурси со цел новоформираните тела (одделението во рамки на Јавното обвинителство, како и во канцеларијата на Народниот правобранител) да бидат целосно оперативни. Откако механизмот за надворешна контрола на полицијата целосно ќе се екипира, ќе биде потребна дополнителна поддршка во однос на градење на неговите капацитети, поконкретно фокусирајќи се на обука на персоналот, кампањи за подигање на свеста на стручната, како и на општата јавност.

Работилницата беше организирана како дел од проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување”, ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа во рамки на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” и спроведуван од Советот на Европа.

Скопје 15 април 2019
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page