Од 11-15 септември 2017 година во Струга се одржа петдневна „Обука на обучувачи“ за член 3 од Европската конвенција за човекови права (EКЧП).
Избраните учесници, како идни обучувачи на Академијата за судии и јавни обвинители, имаа можност да ги збогатат своите познавања на членот 3 од стандардите на ЕКЧП преку модерни интерактивни методи кои ќе се применуваат во идните обуки на Академијата.
За време на обуката, на учесниците им беа поделени претходно подготвени и преведени сеопфатни материјали за обука, како и соодветни студии на случаи. Овие материјали ќе бидат комплетно вклучени од страна на Академијата во идните поврзани обуки.
Почнувајќи од октомври, судиите и јавните обвинители кои имаа корист од оваа обука ќе почнат да држат обуки за своите колеги, како дел од Програмата за обуки на Академијата.
Оваа активност се одржа во рамките на проектот за „ Зајакнување на капацитетите на судството за заштита на човековите права и борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста “ кој е дел од „Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција“.

