Back Зајакнување на транспарентноста во Северна Македонија: Државните службеници/чки стекнуваат практични вештини за применување на законите за пристап до информации

Зајакнување на транспарентноста во Северна Македонија: Државните службеници/чки стекнуваат практични вештини за применување на законите за пристап до информации

Зајакнувањето на знаењето и вештините на државните службеници/чки во Северна Македонија, за поефикасна примена на законите поврзани со пристапот до информации, директно придонесува кон поголема транспарентност, отчетност и демократско управување. За поддршка на овој процес, во Скопје беше организирана специјализирана обука за државни службеници/чки на тема „Пристап до информации од јавен карактер: Европски стандарди и национална примена“, со поддршка на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“.

На обуката учествуваа државни службеници/чки одговорни за обезбедување јавни информации од Владата, Канцеларијата на премиерот и министерствата. Тие го продлабочија своето разбирање за меѓународните и домашните рамки кои го уредуваат правото на пристап до јавни информации. Обучувач(к)ите ги водeа учесниците/чките низ клучните меѓународни стандарди, вклучувајќи ги Конвенциите од Тромсо и Архус, како и членот 10 од Европската конвенција за човекови права, и ги поврзаа со Законот за слободен пристап до информации од јавен караткер во Северна Македонија.

Обуката е дел од сеопфатната програма за обука на Советот на Европа за пристап до информации во контекст на слободата на изразување, развиен во рамките на заедничката регионална акција на ЕУ и Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и медиумите во Западен Балкан (ПРО-ФРЕКС)“ и е прилагодена на различни професионални групи, вклучувајќи суди(јк)и и обвинител(к)и, државни службеници/чки и новинар(к)и.

Интерактивната програма комбинираше предавања, студии на случаи, групни дискусии и практични вежби, помагајќи им на учесниците/чките да развијат практични вештини за ефективна примена на законите за пристап до информации во нивната секојдневна работа. Со зајакнување на знаењето и вештините на државните службеници/чки, обуката придонесува кон поголема транспарентност, отчетност и усогласеност со меѓународните стандарди, поддржувајќи го демократскиот развој и институционалниот интегритет во Северна Македонија.

Активноста се одржа многу блиску до „Меѓународниот ден за пристап до информации“, кој се одбележува секоја година на 28 септември, со симболично истакнување на важноста на транспарентноста како столб на слободата на изразување. Ратификацијата на Тромсо Конвенцијата од страна на Северна Македонија во ноември 2024 година дополнително ја потврдува заложбата на земјата за унапредување на правото на пристап до официјални документи во согласност со европските стандарди.

Оваа обука беше организирана во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2023-2026“ и проектот Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија – ПРОФРЕКС имплементиран од  Одделот за соработка на слобода на изразување

Скопје, Северна Македонија 26 септември 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

Добредојдовте во Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје 

Северна Македонија стана 38-ма земја-членка на Советот на Европа на 9 ноември 1995 година и активно учествува во сите аспекти на мисијата и работата на нашата Организација за промовирање на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје е основана во 2012 година и покрива разновидни проекти на соработка.

Работејќи во блиска соработка со националните власти, претставниците на граѓанското општество и другите партнери, Канцеларијата моментално спроведува клучни заеднички програми на Европската унија и Советот на Европа. Особено, Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција (Хоризонтален инструмент III) е фокусиран на реформата во правосудниот систем, борбата против економскиот криминал, промовирањето на антидискриминацијата и заштитата на правата на ранливите групи, како и подобрувањето на примената на европските стандарди во областа на слободата на изразување и слободата на медиумите.

Дополнително, за промовирање на демократијата и човековите права во и преку образованието и опремување на младите со компетенции за живеење во мултикултурно општество, проектот Квалитетно образование за сите – градење демократска отпорност – Северна Македонија се спроведува со финансиска поддршка од Германија.

Дополнителни активности за соработка се спроведуваат во рамките на клучните регионални заеднички програми со Европската Унија, фокусирани на зајакнување на улогата и капацитетите на локалните власти во Западен Балкан во спроведувањето и следењето на реформските агенди во рамките на Инструментот за реформи и раст на ЕУ (LORAI) и борбата против киберкриминалот (CyberSEE).

Повеќе информации за Северна Македонија и Советот на Европа

HORIZONTAL FACILITY III ПРОЕКТИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА