Проектот против економски криминал на ЕУ и Советот на Европа во соработка со Управата за финансиско разузнавање на Република Северна Македонија, го финализираа патоказот за ублажување и управување со ризиците од перење пари и финансирање на тероризам (ПП/ФТ) поврзани со употребата на виртуелни средства и даватели на услуги за виртуелни средства. За време на последниот состанок, работната група одговорна за изготвување на документот имаше можност да ги дискутира наодите и препораките дадени од проектот за подобрување на патоказот. За време на состанокот, претставниците од Управата за финансиско разузнавање разменија мислења за предложените мерки и се осврнаа на нерешените прашања идентификувани за време на процесот на подготвување на патоказот. Дискусијата придонесе за појасно разбирање на предложените мерки и ги поддржа тековните напори за развој на ефикасен систем за ублажување и управување со ризиците од ПП/ФТ поврзани со виртуелни средства и даватели на услуги за виртуелни средства во Северна Македонија.
Патоказот ги зема предвид наодите од Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам поврзани со виртуелни средства, како и препораките содржани во Извештајот за меѓусебна евалуација на MONEYAL за Република Северна Македонија. Овој патоказ има за цел да обезбеди стратешки пристап за Северна Македонија во справувањето со идентификуваните закани и ризици и ги утврдува активностите што треба да се преземат во наредниот период.
Врз основа на препораките и дискусиите за време на состанокот, претставниците на работната група ќе го изменат документот и ќе го достават до Националниот совет за спречување на перење пари и финансирање на тероризам за усвојување и понатамошна имплементација.
Оваа активност се спроведува преку „Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија“, во рамките на заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.





