Back Лидерите на заедницата во Радовиш оснажени да се борат против дискриминацијата

Лидерите на заедницата во Радовиш оснажени да се борат против дискриминацијата

Радовиш стана центар за размена и учење, бидејќи повеќе од 30 претставници од училишта, единицата за локална самоуправа и организации од граѓанското општество се собраа за да ги зајакнат своите знаења и вештини во превенција и заштита од дискриминација. Интерактивната работилница „Поблиску до граѓан(к)ите: Заштита од дискриминација и унапредување на човековите права“ ги обедини експерт(к)ите, едукатор(к)ите и лидер(к)ите на заедницата во заедничка борба за еднаквост.

Настанот беше организиран од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Народниот правобранител, кои се на чело на промовирањето на човековите права и борбата против дискриминација во Северна Македонија. Учесниците и учесничките дознаа повеќе за практичните механизми за откривање и адресирање на дискриминацијата, опремувајќи се со алатки и стратегии кои ќе имаат трајни позитивни ефекти врз локалната заедница. Со здружени сили, заедницата во Радовиш презема значајни чекори кон поинклузивно и толерантно општество, доказ дека вистинскиот напредок започнува на ниво на заедницата.

Оваа иницијатива беше коорганизирана од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Народниот правобранител со поддршка од проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

 

Радовиш, Севрена Македонија 10 јуни 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

Добредојдовте во Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје 

Северна Македонија стана 38-ма земја-членка на Советот на Европа на 9 ноември 1995 година и активно учествува во сите аспекти на мисијата и работата на нашата Организација за промовирање на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје е основана во 2012 година и покрива разновидни проекти на соработка.

Работејќи во блиска соработка со националните власти, претставниците на граѓанското општество и другите партнери, Канцеларијата моментално спроведува клучни заеднички програми на Европската унија и Советот на Европа. Особено, Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција (Хоризонтален инструмент III) е фокусиран на реформата во правосудниот систем, борбата против економскиот криминал, промовирањето на антидискриминацијата и заштитата на правата на ранливите групи, како и подобрувањето на примената на европските стандарди во областа на слободата на изразување и слободата на медиумите.

Дополнително, за промовирање на демократијата и човековите права во и преку образованието и опремување на младите со компетенции за живеење во мултикултурно општество, проектот Квалитетно образование за сите – градење демократска отпорност – Северна Македонија се спроведува со финансиска поддршка од Германија.

Дополнителни активности за соработка се спроведуваат во рамките на клучните регионални заеднички програми со Европската Унија, фокусирани на зајакнување на улогата и капацитетите на локалните власти во Западен Балкан во спроведувањето и следењето на реформските агенди во рамките на Инструментот за реформи и раст на ЕУ (LORAI) и борбата против киберкриминалот (CyberSEE).

Повеќе информации за Северна Македонија и Советот на Европа

HORIZONTAL FACILITY III ПРОЕКТИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА