Back Презентација на ревидираната Стандардна оперативна процедура (СОП)

Презентација на ревидираната Стандардна оперативна процедура (СОП)

Еднодневниот финален состанок на работната група насочен кон финализирање на изменетата Стандардна оперативна процедура (СОП) за постапување со лица на кои им е ограничено правото на слобода на движење се одржа на 10 јули 2017 г. во Скопје. Целта на состанокот беше да се дискутира по предлог измените на Стандардната оперативна процедура, кои беа изготвени и презентирани од страна на меѓународниот консултант и истите да се инкорпорираат во финалната верзија на документот. Измените ќе им обезбедат на полициските службеници подобрена Стандардна оперативна процедура во согласност со меѓународните стандарди за човекови права и добрите практики.

Состанокот беше насочуван од страна на меѓународен консултант на Советот на Европа. Работната група беше составена од вкупно 9 членови, службеници на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од две полициски станици и претставници од Националниот превентивен механизам при канцеларијата на Народниот правобранител.

Состанокот на работната група беше организиран како дел од проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување”, кој е финансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција”.

Скопје 10 јули 2017
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

За проектот

Советот на Европа ќе им обезбеди поддршка на националните власти за надминување на идентификуваните недостатоци и практичните слабости поврзани со заштитата на човековите права во државата согласно со меѓународните стандарди и најдобрите практики. Проектот ќе биде спроведен во блиска соработка и партнерство со Министерството за внатрешни работи и ќе вклучи поширока група на национални партнери и релевантни чинители, вклучувајќи го Јавното обвинителство, судството, Народниот правобранител и Националниот превентивен механизам, Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, како и истакнати невладини организации кои се активни во областа на заштитата и унапредувањето на човековите права.

Проектот е дел од Програмата Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција на Советот на Европа/ Европската Унија

Главна Цел

Генерална цел на проектот е да се зајакне заштитата на човековите права во државата во согласност со стандардите на Советот на Европа и меѓународните стандарди.

Цели и очекувани резултати

  Првата специфична цел е да се воведе ефикасна контрола над работата на полицијата преку воспоставување на надворешен механизам.

Очекувани резултати:

  • Воспоставена е законската и институционалната рамка на независниот надворешен механизам за контрола на работата на полицијата
  • Развиени се капацитетите на персоналот на надворешниот механизам за контрола на работата на полицијата за спроведување на независна и ефикасна истрага по претставки против полицијата

  Втората специфична цел е да се подобри почитувањето на човековите права од страна на полицијата преку јакнење на превентивните заштити од несоодветно постапување и зајакнување на внатрешната контрола во полицијата.

Очекувани резултати:

  • Механизмите за континуирана обука на полицијата се одржливи и процедурите за постапување со задржани лица се во согласност со меѓународните стандарди
  • Подобрени се капацитетите на внатрешната контрола во полицијата во однос на истрагата и борбата против несоодветното постапување.

Оваа веб-страница е изработена со средства од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија.

ЗА ПРОЕКТОТ
  • Времетраење:18 месеци (завршува на 30 ноември 2018)
  • Корисници: Министерство за внатрешни работи, Јавно Обвинителство, судството, Народниот превобранител и Националниот превентивен механизам, the Постојана анкетна комисија за заштита на човековите права и слободи и истакнати граѓански организации активни на полето на заштита и
    промоција на човековите права
  • Финансиран од: Европаската Унија и Советот на Европа
  • Буџет: € 550 000 еур
КОНТАКТ

  Петар Јорданоски: Раководител на проект

  Душица Зафировска: Финансов Асистен на проектот

  Сандра Прилепчанска Поповска: Асистент на проектот