Back Зајакнување на регионалниот одговор на еколошкиот криминал, корупцијата и перењето пари на Западен Балкан

Зајакнување на регионалниот одговор на еколошкиот криминал, корупцијата и перењето пари на Западен Балкан

Еколошкиот криминал претставува сè поголема закана за природните ресурси, владеењето и стабилноста на Западен Балкан и пошироко. Овие кривични дела често се потпираат на корупција, создавајќи нелегални приходи кои се перат преку прекугранични шеми или професионални мрежи. За да се дискутира за координиран пристап во борбата против корупцијата и еколошкиот криминал, во Стразбур се одржа отворена расправа за идентификација на ранливите сектори, спроведување ефективни проценки на ризикот и градење партнерства со граѓанското општество и приватниот сектор. Сето ова е клучно за превенција на вакви кривични дела и за ефикасно спроведување на постојната правна рамка.

Повеќе од 45 професионалци од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, вклучително органи за спроведување на законот, обвинители, царински и гранични службеници, антикорупциски и еколошки органи, како и претставници на граѓанското општество, учествуваа на дводневната работилница во Стразбур на 23-24 септември, со цел да се адресира врската помеѓу еколошкиот криминал, корупцијата и перењето пари.

Работилницата ги претстави клучните наоди од регионалната анализа за ризиците од корупција и перење пари поврзани со еколошкиот криминал, а од друга страна се разгледуваше како овие ризици може да се интегрираат во национални или секторски проценки на ризик. Зајакнувањето на финансиските истраги, подобрувањето на меѓуинституционалната соработка и вклучувањето на поширок круг чинители во справувањето со нелегалните финансиски текови поврзани со еколошкиот криминал беа дел од клучните препораки истакнати за време на дискусиите.

Експерти од Советот на Европа, обвинители од Италија, Хрватска и Романија, како и единици за заштита на животната средина и спроведување на законот од Франција (CESAN) и Шпанија (SEPRONA), споделија добри практики за истрага и гонење на вакви кривични дела. Претставници на ЕУРОПОЛ, исто така, ги истакнаа неодамнешните иницијативи, вклучително создавањето на нови работни групи насочени кон еколошкиот криминал, како и студии на случај што ја илустрираат ранливоста на овој сектор кон перење пари.

Овој настан е дел од тековните напори на Советот на Европа за зајакнување на одговорите на корупцијата и перењето пари во врска со еколошкиот криминал на Западен Балкан. Понатаму, антикорупцискиот проект на ЕУ и Советот на Европа ќе им помогне на корисниците во развој на практични насоки за спречување и нарушување на перењето пари поврзано со еколошкиот криминал.

Работилницата беше организирана од проектот против економскиот криминал во Западен Балкан во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција “. Проектот ги поддржува јавните институции во регионот во унапредувањето на нивните антикорупциски мерки против перење пари и оперативни одговори, во согласност со европските стандарди и добри практики.


**Оваа ознака не ги нарушува ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.

Стразбург, Франција 23-24 септември 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

Проектот против економски криминал во Северна Македонија (АЕC-MKD) се спроведува во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ која трае од јануари 2023 година до декември 2026 година. Проектот има за цел да го зајакне капацитетот на јавните институции за спречување и борба против економскиот криминал, вклучително и корупцијата, перењето пари и организираниот криминал.

Кои се целите и задачите на проектот?

Општата цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на државните институции за да се обезбеди владеење на правото и владеење преку ефикасно спречување и справување со економскиот криминал, особено корупцијата, перењето пари и финансирањето на тероризмот.

 Проектот ќе се фокусира на поддршка на властите во неколку насоки, вклучувајќи:

1. Подобрена правна и оперативна рамка за спречување и борба против корупцијата;

2. Засилени механизми за спречување на ПП/ФТ и

3. Зголемени капацитети на властите за спроведување финансиски истраги.

Проектот ќе придонесе кон решавање на стратешки важните преостанати ранливости, кои влијаат на ефективноста на режимот против ПП/ФТ.

Кој има придобивки од проектот?

Државни институции: Управа за финансиско разузнавање, Државна комисија за спречување на корупцијата, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, надзорни органи, агенции за спроведување на законот;

Со закон обврзани субјекти од приватниот сектор;

Граѓаните на Северна Македонија.

Како функционира проектот?

Проектот се надоврзува на постигнатите резултати и научените лекции за време на имплементацијата на Фазата I и II на Хоризонталниот инструмент преку продолжување на својата поддршка за ефективно спроведување на клучните препораки на механизмите за мониторинг на Советот на Европа: Група држави против корупција (ГРЕКО) и Комитетот на експерти за оцена на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (MONEYVAL).

Проектот ќе усвои повеќестран пристап кој се состои од:

  • давање стручни совети и препораки за подобрување на регулаторните и оперативните рамки;

  • зајакнување на институционалните капацитети за справување со економскиот криминал преку обуки, работилници и други методи за градење капацитети, и

  • зајакнување на меѓуагенциската и меѓународната соработка во справувањето со економскиот криминал.

Што очекуваме да постигнеме?

Проектот има за цел да обезбеди:

  • Подобрени капацитети на јавните институции со цел да се обезбеди владеење на правото и владеење преку ефикасно спречување и справување со економскиот криминал, особено корупцијата, перењето пари и финансирањето на тероризмот. Ова ќе се постигне преку важни мерки, вклучително и подобрена правна и оперативна рамка за спречување и борба против корупцијата, зајакнати механизми за спречување на перење пари и спречување на финансирање тероризам и зголемени капацитети на властите за спроведување финансиски истраги.

  • Се очекува да се постигне намалување на стапката на економски криминал, зголемена транспарентност и отчетност во јавните институции и зајакнување на довербата на јавноста во способноста на владата да се бори против економскиот криминал.

Кој е буџетот на проектот?

Вкупниот буџет на проектот е 835.000,00 евра.

Буџетот доделен за целокупната програма за Хоризонталниот Инструмент изнесува околу 41 милион евра (85% финансирано од Европската унија, 15% од Советот на Европа).

Како до повеќе информации?

Повеќе информации во врска со Проектот против економскиот криминал може да најдете на следните веб-страници:

 

За Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција

„Хоризонталниот иструмент за Западен Балкан и Турција 2023-2026“ е заедничка иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа што им овозможува на корисниците на Западен Балкан и Турција да ги исполнат нивните реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ.


 

КОНТАКТИ НА ПРОЕКТОТ

Илина Гаревска                    Раководителка на проект         +389 2 3100 329                 контакт

Маја Костова                   Проектна асистентка               +389 2 3100 331                   контакт