Back Северна Македонија ja усвои новата Национална стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам, усогласена со европските стандарди

Северна Македонија ja усвои новата Национална стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам, усогласена со европските стандарди

Владата на Северна Македонија официјално ја усвои новата Национална стратегија и Акциски план за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (ПП/ФТ), што претставува значајна пресвртница во напорите на земјата во борбата против финансискиот криминал..

Стратегијата беше развиена преку работна група составена од повеќе институции, со експертски насоки обезбедени од заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа против економскиот криминал во Северна Македонија. Овој заеднички напор започна во декември 2024 година, со цел да се обезбеди новата Стратегија да биде прилагодена за да се справи со уникатните ризици и приоритети поврзани со перење пари и финансирање на тероризам во Северна Македонија, во согласност со европските стандарди и препораките на Советот на Европа. Тимот на проектот даде клучни препораки врз основа на европските стандарди и најдобрите меѓународни практики и се вклучи во широки консултации со засегнатите страни од јавноста во текот на целиот процес.

Усвојувањето на Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам и Акцискиот план ќе помогне во подобрувањето на координацијата меѓу владините агенции и ќе обезбеди јасни насоки во процесот на спречување и борба против економскиот криминал.

Новата Стратегија и Акцискиот план ќе ја зајакнат ефикасноста и ќе овозможат донесените мерките да одговорат на предизвиците од економскиот кримнинал.
Оваа иницијатива се спроведува преку „Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија“, во рамките на заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа. Horizontal Facility for the Western Balkans and Türkiye”.  

Скопје, Северна Македонија 24 февруари 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

Проектот против економски криминал во Северна Македонија (АЕC-MKD) се спроведува во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ која трае од јануари 2023 година до декември 2026 година. Проектот има за цел да го зајакне капацитетот на јавните институции за спречување и борба против економскиот криминал, вклучително и корупцијата, перењето пари и организираниот криминал.

Кои се целите и задачите на проектот?

Општата цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на државните институции за да се обезбеди владеење на правото и владеење преку ефикасно спречување и справување со економскиот криминал, особено корупцијата, перењето пари и финансирањето на тероризмот.

 Проектот ќе се фокусира на поддршка на властите во неколку насоки, вклучувајќи:

1. Подобрена правна и оперативна рамка за спречување и борба против корупцијата;

2. Засилени механизми за спречување на ПП/ФТ и

3. Зголемени капацитети на властите за спроведување финансиски истраги.

Проектот ќе придонесе кон решавање на стратешки важните преостанати ранливости, кои влијаат на ефективноста на режимот против ПП/ФТ.

Кој има придобивки од проектот?

Државни институции: Управа за финансиско разузнавање, Државна комисија за спречување на корупцијата, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, надзорни органи, агенции за спроведување на законот;

Со закон обврзани субјекти од приватниот сектор;

Граѓаните на Северна Македонија.

Како функционира проектот?

Проектот се надоврзува на постигнатите резултати и научените лекции за време на имплементацијата на Фазата I и II на Хоризонталниот инструмент преку продолжување на својата поддршка за ефективно спроведување на клучните препораки на механизмите за мониторинг на Советот на Европа: Група држави против корупција (ГРЕКО) и Комитетот на експерти за оцена на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (MONEYVAL).

Проектот ќе усвои повеќестран пристап кој се состои од:

  • давање стручни совети и препораки за подобрување на регулаторните и оперативните рамки;

  • зајакнување на институционалните капацитети за справување со економскиот криминал преку обуки, работилници и други методи за градење капацитети, и

  • зајакнување на меѓуагенциската и меѓународната соработка во справувањето со економскиот криминал.

Што очекуваме да постигнеме?

Проектот има за цел да обезбеди:

  • Подобрени капацитети на јавните институции со цел да се обезбеди владеење на правото и владеење преку ефикасно спречување и справување со економскиот криминал, особено корупцијата, перењето пари и финансирањето на тероризмот. Ова ќе се постигне преку важни мерки, вклучително и подобрена правна и оперативна рамка за спречување и борба против корупцијата, зајакнати механизми за спречување на перење пари и спречување на финансирање тероризам и зголемени капацитети на властите за спроведување финансиски истраги.

  • Се очекува да се постигне намалување на стапката на економски криминал, зголемена транспарентност и отчетност во јавните институции и зајакнување на довербата на јавноста во способноста на владата да се бори против економскиот криминал.

Кој е буџетот на проектот?

Вкупниот буџет на проектот е 835.000,00 евра.

Буџетот доделен за целокупната програма за Хоризонталниот Инструмент изнесува околу 41 милион евра (85% финансирано од Европската унија, 15% од Советот на Европа).

Како до повеќе информации?

Повеќе информации во врска со Проектот против економскиот криминал може да најдете на следните веб-страници:

 

За Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција

„Хоризонталниот иструмент за Западен Балкан и Турција 2023-2026“ е заедничка иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа што им овозможува на корисниците на Западен Балкан и Турција да ги исполнат нивните реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ.


 

КОНТАКТИ НА ПРОЕКТОТ

Илина Гаревска                    Раководителка на проект         +389 2 3100 329                 контакт

Маја Костова                   Проектна асистентка               +389 2 3100 331                   контакт