Back Младите од регионот дел од Летната школа за европските стандарди на слободата на изразување

Младите од регионот дел од Летната школа за европските стандарди на слободата на изразување

Во периодот од 12 до 16 јули 2021 година, беше организирана онлајн Регионална летна школа за европските стандарди на слободата на изразување и слободата на медиумите, на која присуствуваа студент(к)и по право и политички науки и млади професионалци/ки од Западен Балкан.

 

Летната школа ја подигна свеста и го подобри знаењето за медиумскиот систем, улогите и одговорностите на различните чинители во ова поле. Истовремено, оваа програма придонесе кон подобро разбирање на европските стандарди, нивната важност за функционирањето на демократските општества и плуралистичкото медиумско опкружување, разбирање на информациите кои медиумските чинители, но и граѓаните/ките ги среќаваат и креираат.

 

Овој 5-дневен курс понуди знаење во делот на: слободата на изразување, најрелевантните и поврзани права и стандарди, како пристапот до информации од јавен карактер, правото на приватност, заштитата на податоци, медиумите и демократијата, говорот на омраза, медиумскиот плурализам, истражувачкото новинарство, безбедноста на новинар(к)ите, етичките стандарди, заштитата на укажувач(к)ите, родот и медиумите, заштитата на малолетниците/чките, интернетот и вештачката интелигенција.

 

Учесниците/чките од Aлбанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Косово* и Србија учествуваа во дискусиите и презентациите на европските медиумски стандарди кои потекнуваат од Европската конвенција за човекови права, други бројни правни инструменти на ЕУ и Советот на Европа, вклучително и судската пракса на Европскиот суд за човекови права. Истовремено, се стекнаа и со практични вештини за користење на релевантни бази на податоци, како на пример Платформата за безбедност на новинар(к)ите и HUDOC.

 

Онлајн летната школа беше организирана во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција (2019-2022)“ и проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)“, кој има за цел да ги унапреди слободата на изразување и слободата на медиумите во Западен Балкан во согласност со соодветните европски стандарди.

 

*Ова назначување не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на УНХЦР и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Западен Балкан 12 - 16 јули 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page