Back

Состанок на работната група одговорна за пишување на Националната стратегија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во Северна Македонија

Северна Македонија 3 јуни 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Состанок на работната група одговорна за пишување на Националната стратегија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во Северна Македонија

Проектот против економски криминал дел од Horizontal Facility II на Советот на Европа и Европската Унија во Република Северна Македонија продолжува да ги поддржува своите корисници во процесот на зајакнување на законодавната и политичка рамка на легислативата против перење пари и финансирање на тероризам. Покрај поддршката за ажурирање на Националната проценка на ризик минатата година, проектот допринесува кон развој на Националната стратегија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

До сега, клучни претставници од Управата за финансиско разузнавање, експерт од Советот на Европа и тимот на проектот дискутираа и се согласија, преку видео конференција, за следните чекори во оваа насока. Ќе се формира национална работна група за пишување на новата Националната стратегија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам која ќе се надогради на ажурираната Национална проценка на ризик. Овој документ ќе се сподели со експертот на Советот на Европа за понатамошни коментари и препораки, по што истиот ќе биде финализиран.

Проектот против економски криминал во Северна Македонија исто така ќе ги поддржи корисниците во ревизија на Законот против перење пари и финансирање на тероризам со цел истиот да биде усогласен со резултатите од ажурираната Национална проценка на ризик.