Back

Првото оценување на спроведувањето на Националната пенитенцијарна стратегија на Северна Македонија: Подобрување на материјалните услови и здравствената заштита во затворите

Северна Македонија 3 - 4 ноември 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Првото оценување на спроведувањето на Националната пенитенцијарна стратегија на Северна Македонија: Подобрување на материјалните услови и здравствената заштита во затворите

Петнаесет месеци по владиното усвојување, спроведувањето на Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2021-25) беше оценета од страна на надлежната работна група, сочинета од високи претставници на Управата за извршување на санкции, Министерството за здравство, Народниот правобранител, како и една организација од граѓанското општество.

 

Меѓу-ресорската група за следење и оценка на спроведувањето на активностите на Стратегијата, која е основана со владина одлука, се состана на 3-4 ноември за да ја оцени тековната имплементација и да даде насоки на надлежните за идниот период. Како што се очекуваше, материјалните услови во затворите, заедно со обезбедувањето здравствена заштита остануваат како најбитни приоритети. Сите забелешки дадени од претставниците на граѓанскиот сектор, како и Народниот правобранител, беа прифатени врз основа на нивните посети на затворите и објавените извештаи.

 

Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2021-2025) беше усвоена од Владата во јули 2022 година, врз основа на нацртот кој беше изготвен од сите чинители, со поддршка од Советот на Европа. Преку дванаесетте стратешки цели, Стратегијата предвидува конкретни дејствија за побезбеден и похуман третман на лицата кои се лишени од слобода. Претходно, Советот на Европа ги поддржа институциите и во изготвување на првата пенитенцијарна стратегија во Северна Македонија (2014-2019).

 

Овој настан беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022”