Back Седми состанок на Управниот одбор на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”

Седми состанок на Управниот одбор на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”

Управниот одбор на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија” одржа состанок на 8 јули, на кој членовите забележаа одредени позитивни промени.

На седмиот редовен состанок, одборот ги разгледа постигнувањата од изминатите шест месеци и комплетираните 13 активности. И покрај тоа што се потребни дополнителни подобрувања, постигнати се одредени позитивни промени во делот на обезбедување здравствена заштита во затворите, како што е пилотирањето на Стандардните оперативни процедури во КПУ Штип, како и заокружувањето на компонентата за легислативна рамка, во која седум подзаконски акти се веќе влезени во сила. Се очекува дополнително подобрување на координацијата преку основаното владино меѓу-ресорско тело, кое ќе се фокусира на спроведувањето на Националната пенитенцијарна стратегија. Во делот на Надворешниот механизам за контрола, статистичките податоци се охрабрувачки и покажуваат зголемена свест за ова прашање, додека пресудите укажуваат на виден напредок во справување со проблемот на неказнивост за случаите на полициско малтретирање во Северна Македонија.

Одборот го усвои предложениот работен план за идните шест месеци, последни во рамките на проектот, забележувајќи дека техничката поддршка ќе се обезбеди и во рамките на третата фаза на Хоризонталната програма, која се очекува да започне во јануари 2023 год.

Овој настан беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022”.

Скопје 8 јули 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page