Back Наслов: Избор на 25 пилот училишта за проектот „Квалитетно образование за сите – Северна Македонија“

Наслов: Избор на 25 пилот училишта за проектот „Квалитетно образование за сите – Северна Македонија“

Како значаен чекор кон подобрување на средината за учење и промовирање на инклузивното образование, Министерството за образование и наука во соработка со Советот на Европа ja финализираше листата од 25 пилот училишта за претстојните проектни активности. Процесот на селекција кој е базиран врз основа на специфично дизајнирани критериуми, вклучувајќи ги училишните практики, регионалната рамнотежа, различноста и справувањето со дискриминацијата, имаше за цел да ги идентификува образовните институции кои ќе го отворат патот за позитивни промени во образовниот систем.

Избраните пилот-училишта се состојат од 13 основни училишта, од кои три се признати за нивните примерни практики, како и 12 општи и средни стручни училишта, од кои две покажаа исклучителни пристапи во образовниот процес.

За да се обезбеди регионална рамнотежа и застапеност на различни групи на ученици, избраните пилот училишта опфаќаат широк опсег на локации и различна етничка структура. Вклучувањето на училиштата кои претходно се соочиле со дискриминација дополнително ја нагласува посветеноста на проектот за промовирање на еднаквоста и инклузивноста во образованието.

Со утврдената конечна листа на пилот-училишта, следните чекори во имплементацијата на проектот ќе бидат поддршка на 25 пилот училишта за да се вклучат во локалните заедници и граѓанските организации со цел да се создаде инклузивна и овозможувачка средина за учење за сите ученици како и поддршка на наставниците да развијат нови професионални вештини., практики и ставови кои подобро придонесуваат за развој на ваштините за демократска култура кај учениците.

Пилот училиштата ќе станат дел од националната мрежа на демократски и инклузивни училишта која ќе функционира како заедница за размена на добри практики и  размена на искуства. Во секое пилот училиште, проектот ќе работи со тимовите за училишна интеграција за да се имплементира моделот на демократско и инклузивно училишно управување заедно со поддршка од граѓанските организации.

Овој иновативен образовен проект, воден од соработката меѓу Министерството за образование и наука и експертите на Советот на Европа, ветува дека ќе донесе позитивни промени во полето на образованието преку поттикнување на инклузивни средини и поттикнување на добри практики меѓу пилот училиштата. Напорите направени во овие почетни фази ги поставија темелите за посветла и поправедна иднина за студентите низ целата земја.

Проектот „Квалитетно образование за сите - Северна Македонија“ e имплементиран од страна на Советот на Европа, а финансиран од Германија. Се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија од декември 2022 до ноември 2025 година.

Скопје, Северна Македонија 11 мај 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page