Back

Тркалезна маса за понатамошно подобрување на Надворешниот механизам за контрола во Северна Македонија

Скопје 2 ноември 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Тркалезна маса за понатамошно подобрување на Надворешниот механизам за контрола во Северна Македонија

Претставници на Основното јавно обвинителство, Народниот правобранител, како и високи службеници на Министерството за внатрешни работи (МВР) кои се надлежни за внатрешната контрола врз полицијата, се состанаа на 2 ноември во Скопје за да дискутираат за тековната соработка, како и за зголемување на ефикасноста на Надворешниот механизам за контрола (НМК). Оваа тркалезна маса следи по неодамнешните именувања на високото раководство во Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР, како и во Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

 

Зголемениот број на пријави за наводни инциденти во текот на оваа година укажува на зголемена доверба во НМК, но исто така го зголемува притисокот врз кадарот кој работи со ограничен капацитет во овие две институции. Тркалезната маса се фокусираше на тековното функционирање на НМК, размената на информации и текот на предметите, како и на можностите за понатамошно подобрување. Надлежните институции, вклучувајќи го и Механизмот за граѓанска контрола при Народниот правобранител, се договорија за редовни средби на месечно ниво, кои ќе им помогнат во разгледување на предметите на редовна основа, идентификување на празнините и зајакнување на ефикасноста во истрагите за наводните пречекорувања.

 

Сите вклучени институции ја поздравија поддршката која ја дава Советот на Европа, почнувајќи од помошта за основање и функционирање на овој механизам, која се дава од 2016 година. Последниот извештај на Народниот правобранител, како и Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија, укажуваат дека и покрај основањето на овој механизам, истиот треба да се комплетира со претставниците од граѓанските организации кои треба да ги именува Собранието.

 

Овој настан беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022”