Back Регулирање на политичкото рекламирање - Компаративна студија за состојбите во земјите од Југоисточна Европа

Регулирање на политичкото рекламирање - Компаративна студија за состојбите во земјите од Југоисточна Европа

Како дел од годишниот дијалог помеѓу медиумските регулатори во регионот, под покровителство на регионалниот ЈУФРЕКС проект, на 3 јули 2020 година се одржа онлајн регионална тркалезна маса на тема „Избори, пандемија и дезинформации“, каде учество земаа регулаторните тела за медиуми од Југоисточна Европа. Од клучна важност беше да се дискутира за изборите и да се споделат искуствата на регулаторните тела, посебно земајќи го предвид бројот на избори кои се организираа во регионот во текот на 2020 година. Дискусијата покрена многу прашања кои се однесуваа на политичките кампањи и рекламирањето.

Како последователна активност, студијата - Политичко рекламирање: Компаративна студија за состојбите во земјите од Југоисточна Европа, на корисниците им нуди вредни и применливи информации во однос на регулирањето на политичкото рекламирање за време на изборните кампањи. Студијата се осврнува на прашањето на политички кампањи и рекламирање од аспект на медиумските регулатори и дава насоки во согласност со европските стандарди и најдобрите пракси во тоа поле.

Регулаторните тела, корисници на ЈУФРЕКС активно придонесоа кон изработката на Студијата преку обезбедување информации за нивните соодветни правни рамки и практики.

Студијата е изработена во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ и регионалниот проект „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)“.

Западен Балкан декември 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page