Back Затворскиот персонал во Северна Македонија ќе ја пилотира новата индивидуална програма за третман на радикализацијата

Затворскиот персонал во Северна Македонија ќе ја пилотира новата индивидуална програма за третман на радикализацијата

18 членови на мулти-дисциплинарните тимови (МДТ) во затворите се сретнаа на 4-5 мај во Скопје, каде разменија искуства и знаење за предизвиците со кои се соочуваат, во подготовка на финалната фаза на пилотирање на индивидуалната програма за радикализирање во затворите. На сесијата учествуваа припадниците на затворската полиција, како и секторот ресоцијализација од четири казнено-поправни установи(Идризово, Куманово, Скопје и Штип).

Под водство на консултантот на Совет на Европа, тимовите анализираа конкретни случаи за кои разменија размислувања и информации, што е една од клучните функции на мулти-дисциплинарните тимови. Дополнително беше дискутирано и за меѓународните стандарди и добри практики од другите земји-членки на Советот на Европа, вклучително и регионот на Западен Балкан. Членовите на овие тимови беа дополнително охрабрени во текот на овие сесии, што придонесе кон заклучокот за започнување на пилотирањето на индивидуалната програма за третман.

Во среда, 4 мај, Центарот за обука на Управата за извршување на санкциите беше посетен од министерот за правда на Република Северна Македонија, г. Никола Тупанчески, кој ја поздрави посветеноста на затворскиот персонал, како и поддршката дадена од Советот на Европа. Заеднички се потврди дека оваа активност е важен чекор кон зајакнување на меѓу-секторската координација во земјата, со цел справување со радикализмот во затворите. Овој центар за обука беше опремен во 2015 година, од страна на ЕУ и Советот на Европа.

Овој настан беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022”.

Скопје 4 мај 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page