Back Затворските лекари и медицинскиот персонал на Северна Македонија го унапредија знаењето за спречување и третман на заразни болести

Затворските лекари и медицинскиот персонал на Северна Македонија го унапредија знаењето за спречување и третман на заразни болести

Дванаесет лекари и здравствен персонал кои покриваат девет пенитенцијарни институции во Северна Македонија беа обучени за спречување и третман на заразни болести. Обуката се одржа на 20-21 април во Скопје, под водство на меѓународна консултантка која е поранешна членка на Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортура (КПТ), како и локален инфектолог.

Најчестите патогени и пренесувањето, можниот третман и мерките за превенција беа главните теми на дискусија, при што учесниците го унапредија своето знаење за меѓународните насоки и компаративните искуства за третман. Здравствените работници ги анализираа студиите на случај и конкретните примери, разменувајќи ги искуствата за управување со овие состојби. Имајќи предвид дека ова е една од малкуте обуки за преносливи болести, се очекува истата да има позитивно влијание врз заштитата на правата на лицата лишени од слобода, особено во поглед на туберкулоза и хепатит.

Во дискусијата беа поставени прашања за заштитата на здравствените работници, како и подобрувањето на материјалните услови, кои се клучни фактори за превенција.

Овој настан беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022”.

Скопје 20 - 21 април, 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page